ЌЕ ВРНЕ СНЕГ, ПОПЛАДНЕВО И ВЕЧЕРВА ИЗБЕГНУВАЈТЕ ГИ ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕВОИ - директорот на ЦУК Ангелов со предупредување
Објавено во: Македонија 07 Декември, 2023 12:28
Според УХМР, денес попладне и вечер на повисоките места се очекуваат врнежи од снег и температури околу и под нулата.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, излезе со следново предупредување.
„Апелираме до граѓаните доколку немаат неопходна потреба попладнево и вечерва со своите возила да ги избегнуваат сите планински превои и други вообичаени критични точки при снежни врнежи или доколку патуваат да користат (или со себе да носат) зимска опрема.
Ги повикуваме возачите на тешки товарни возила да бидат исклучително совесни и внимателни, да користат зимска опрема и да ги почитуваат сите евентуални препораки и забрани од МВР“, се вели во соопштението од ЦУК.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




