05 Декември, 2025
0.0834

Ќесето на родителите изгоре, матурантите во полн сјај!

Објавено во: Мои пари 19 Мај, 2013 09:04

Добивај вести на Viber

Матурските прослави вообичаено и оваа година ги испразнија џебовите на родителите. Од пари за ресторан, табло, па се до фустани, чевли, шминка, фризура, одела, па и блех музика, во зависност од посакуваниот луксуз,  родителите од семејната каса ќе треба да извадат од 200 па до 1.500 евра, само за една вечер. Оние родители со поскромен џеб, го ризикуваат салдото на кредитните картици, па дури се земаат и кредити, за матурантот да добие достојна прослава. -Трошоците за матурската вечер се големи, но сега тоа е, сакам да му овозможам на моето дете да се чувствува и да си помине убаво таа вечер. За пари овој месец ќе отидам во минус на кредитната картичка, вели еден родител. А, на матурантите речиси најважно им е да бидат облечени во облека по последна мода од глава до петици, при тоа не обрнувајќи внимание колку пари ќе се потрошат. - Мојот фустан чини околу 100 евра, чевлите се  околу 2.000 денари, нормално шминика и фризура за кои ќе платам околу 1.500 денари. Точно е дека се трошат пари, но еднаш се слави матрура, вели средношколка  од средното училиште“Јосип Броз Тито” од Скопје. Трошоците за една матурска вечер се различни и тоа зависи од буџетот на родителите и од желбите на матурантот. Цената на матурските прославите по хотелите и рестораните се движи од 800 до 1.200 денари. Но прославата не завршува само во хотелот, матурантите ја продолжуваат традицијата на нивните претходници, па во раните утрниски часови со блех музика продолжуваат со сславење во во училишните дворови, а за оваа задоволство треба да платат од 6.000 до 10.000 во зависнот од времетраењето и бендот. Може ли да сошиете облека? Но, сепак најмногу пари се трошат на облека, бидејќи цените по скопските бутици пред и за време на матруските вечери вообичаено се зголемуваат. Така цените на фустаните во зависност од кој бутик е купен се движат од 1.000 денари најевтиниот, 30.000 и повеќе најскапиот фустан. Покрај сопствениците на бутиците, од матруската еуфорија раце тријат и салоните за шиење облека. Од модните студија велат дека обично муштериите се повеќе од женскиот пол. Матурантите кои ќе се одлучат да шијат облека, повторно во зависност од моделот и кројачот треба да овдојат од 1.500 денари па нагоре.  Следуваат трошоците за чевли, за среќа во дел од скопските трговски центри има продавници со  поевтини чевли, па може да се најдат солидни чевли од 800 до 1.200 денари. Но има такви кои за чевли што ќе се употребуваат макар и за една вечер трошат од 50 до 100 евра. На крајот кога ќе се купи облеката и чевлите, следува шминката и фиризурата. И во овој дел висината на трошокот зависи кој шминкер или фризер ќе го подготвува матурантот. Па така пакетите за шминка и фризура се движат од 800 до 2.500 денари во елитните козметички салони. Родителите велат дека обично трошоците за машките деца се поголеми од оние за женските, иако кај девојчињата има повеќе работи за купување. -За женско ќе се најдат и поевтини чевли и поевтино фустанче и тоа убави и нема да се забележи дека се евтини, а за машките нема евтини бутици ниту за облека ниту за чевли, едн пар убави чевли чинат речиси 50 евра, а каде се пантолоните, кошула, сако..... вели еден родител. А, кога ќе се заврши со изгледот на матурантот, на вечерта пред заедничката прослава од училиште, и претходи семејна прослава. Родителите кои сакаат да поминат поскромно, прославата ја прават во својот дом само за најблиските, за што одвојуваат од буџетот од 70 до 200 евра максимум. Некои од родителите пак сакаат поголема прослава со богата трпеза во ресторан, за што за една порција плаќаат од 500 до 1.200 денари. Во целата еуфорија желбите на матурантите се најважни, без при тоа да се има грижа за семејниот буџет, за периодот што следи, за трошоците после матурската вечер, кои како на пример запишувањето на факултет, што е од суштинско значење за иднината на матурантот. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј