05 Декември, 2025
0.0278

Климатските промени и еколошки мерења на  земјоделството

Објавено во: Агробизнис 12 Јануари, 2015 08:02

Добивај вести на Viber

Земјоделството не е најголем извор на создавање на стакленички гасови, но неговиот придонес неможе да се игнорира во тој проблем. При тоа не се работи само за емисија на јагленороден диоксид туку и за други гасови како, метан и азотен оксид. Општо, веќе се познати извороте на емисијата на штетни гасови и други начини на загадување на животната средина. Можеби најрезултантна мерка би била создавање на стимулација за намалување на јаглеродните емисии преку. Тоа би се постигнало преку неколку модели, како што се пазарни стимулации кои вклучуваат даноци, такси, трговски шеми и друго, примена на задолжителни стандарди и лимити за емисии, притисок од страна на потрошувачите, иницијативи од страна на бизнисот. Само по себе се подразбира дека намалувањето на штетните емисии зависи пред се од земјоделците. Нивната позитивна активност треба да биде наградена, бидејќи тие придонесуваат во создавање на јавни благодети. Тоа е во интерес на земјоделците, селската општественост и целото општество. Можностите за намалување на емисиите на штетните стакленички гасови треба да биде на сите нивоа во прехранбениот лонец, т.е. во земјоделското производство, чувањето преработката, трговијата и потрошувачката. Еколошки мерења на земјоделската дејност Земјоделската политика во продолжение на многу години се развивала како секторска. Тоа се подразбира, бидејќи земјоделството била главна стопанска дејност, и ја задоволувала потребата од храна како прв услов за живот. Со интензификацијата на земјоделството станува се  поочигледно дека тоа има влијание врз животната средина. Проблемот добива глобален карактер и со тоа се бараат глобални решенија, кои можат да овозможат заштита на природниот капитал и наследството на земјата. Меѓу истражувачите на проблемот има согласни дека главната опасност во иднина доаѓа од интензификацијата во користењето на земјоделските површини, а дури потоа е ширењето на земјоделските површини (поради крчење на шумите) или како последица на промена на самото искористување. Главна препорака би можела да биде, земјоделската политика да вклучува задолжителни еколошки аспекти во земјоделската дејност. Технолошките решенија можат да се обединат во неколку главни групи: намалување на загадувањето од минералните ѓубрива и фитозаштитните средства, ширење на методите за минимална обработка на почвата, подобрување во користењето на водата, развој на органско земјоделство, подобро управување на отпадоците од животинско потекло и друго. Зголемувањето на земјоделското производство треба да се плати со определена еколошка цена. И обратно, постигнувањето на еколошки цели, значи во повеќе случаи намалување на продукцијата. Во тие услови политичките решение ќе се базираат на определен компромис, често пати многустран и сложен. Со други зборови ќе треба да се откажеме од некои добивки во замена на кои ќе добиеме  други. Во краен случај, општеството ќе решава во зависност од своите приоритети за тоа кои компромиси се прифатливи а кои недозволени. Опфатот на тој тип решенија во однос на земјоделството и животната средина е голем но најважните се следните:
  • Повисоки приноси или еколошки услуги. Тоа е можеби најчеста дилема во управувањето на земјоделското производство. Класичен пример е зголемувањето на употреба на азотните ѓубрива, што доведуваат до закиселување на почвата, влошување на квалитетот на водата и дополнителна емисија на стакленички гасови.
  • Предност на едни еколошки услуги над други. На пример за да се ограничи ерозијата на почвата, терените со наклон треба да се трасираат. Тоа пак ја нарушува целината на природната компакност.
  • Зачувувањето или намалувањето на земјоделското земјиште, или екстензивно земјоделство со цел да се заштити биолошката разновидност. Во повеќето случаи решението зависи од оценката на корисноста од зголемувањето на приносите и загубата на биолошката разновидност како последица на интензификацијата на производството.
  • Зачувувањето на природните ресурси и потребите на сиромашните. Тоа решение ги погодува земјите со ниски доходи на населението по човек. Постојат анализи според кои, ниската интензивност на трудоинтензивното земјоделство е подобро, како за намалување на гладот и сиромаштијата, така и за заштита на биолошкото наследство.
Поради карактерот на проблемот, спроведувањето на ефективна политика за развој на одржливо земјоделство бара решенија на различни нивоа наднационално, национално и локално.Кај наднационалното, во главно е потребно: градење на систем за стимулирање на земјите кои обезбедуваат јавни благодети со глобален карактер, како на пример, намалување на емисиите на стакленички гасови, взаемно почитување на интересите на одделни земји кај спроведување на политиката за заштита на животната средина. На национално и локално ниво е потребно, поддршка на земјоделството со економично искористување на ресурсите, развој на територијална и земјоделска инфраструктура која нема да ја загрозува еколошката рамнотежа а особено територијалната разновидност, воведување на интегрирани системи за управување со водите, но да биде корисно за земјоделството селската заедница и екосистемот. Но исто така е потребен поголем глас на локалната власт и локалните заедници кај решенијата во однос на користењето на природните ресурси и земјоделството. Проф. Др. Борис Анакиев

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?