28 Ноември, 2024
0.0293

Климатските промени ќе ги уништат доматите и ќе го преполоват родот на грозјето и јаболката

Објавено во: Агробизнис 29 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Повардарскиот и Југоисточниот регион во Македонија се најпогодени од климатските промени.Анализата за ранливост изготвена од Министерството за животна средина и просторно планирање покажала дека земјава ќе се соочи со сериозни проблеми во иднина.

Според професорот Душко Мукаетов од Институтот за земјоделство, веќе има намалување на посевите како последица од климатските промени и побара земјоделците што побрзо да ги прифатат мерките како употреба на квалитетно семе или штедење на водата со примена на модерните системи  за наводнување како системот капка по капка, ако сакаат да имаат добар род.

За Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје, посебно опасни топли бранови го зафаќаат југоисточниот дел на Македонија кои влијаат врз здравјето и каде во летниот период е зголемена потребата од медицинска помош кај постарите лица.

Анализата на ранливост кон климатските промени покажала дека промените ќе се одразат негативно врз сите сектори од економијата, земјоделството, шумарството, водните ресурси, биодиверзитетот и врз здравјето на луѓето. Така, растот на просечната температура за 6,5 Целзиусови степени до 2100 година, ќе доведе до пократко траење на снежната покривка на Галичица, Бистра, Јабланица и исчезнување на најголем дел од сегашните пасишта.

Исто така, посочуваат експертите, може да дојде до намалување на приносите на винова лоза за 59 отсто на доматот за 84 отсто, јаболката за 59 и луцерката за 70 проценти. Климатските промени во земјава може да предизвикаат поинтезивни и продолжени сушни периоди поради намалување на врнежите во летниот период за 16-26 отсто.

Анализата на ранливост е дел од активностите на проектот за изработка на третиот Национален извештај за климатски промени, финансиран од Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ).

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.