05 Декември, 2025
0.0434

Климатските промени виновни за проширувањето на штетници кај земјоделските култури

Објавено во: Агробизнис 06 Септември, 2013 13:08

Добивај вести на Viber

Климатските промени помагаат штетниците и болестите кои ги напаѓаат земјоделските култури да се шират низ светот, се наведува во една нова студија.

Истражувачите од универзитетите Ексетер и Оксфорд открија дека штениците се движат просечно по три километри годишно. Тимот научници објави дека тие се движат кон северниот и јужниот пол, и заземаат области кои порано биле престудени за да можат да живеат таму. Истражувањето е објавено во журналот Нејчр клајмат чејнџ.

Во моментов се проценува дека помеѓу 10 отсто и 18 отсто од земјоделските култури во светот се уништени заради појавата на болести. Истражувачите велат и дека покачувањето на глобалните теммператури може уште повеќе да го влоши проблемот.

Д-р Дан Бебер, водечкито автор на студијата од Универзитетот Ексетер, вели: „Глобалната безбедност на храната е најголем предизвик со кој ќе се соочиме во текот на следните две децении“.

„Не сакаме да повеќе да губиме од нашите земјоделски култури отколку што е тоа апсолутно неопходно, заради бубачки и патогени“.

Трговскиот транспорт

За да го истражат проблемот, истражувачите прегледале записи за 612 земјоделски бубачки и патогени од целиот свет, кои биле собрани во последните 50 години.

Тоа ги вклучува и фунгите и житната плесен, која ги уништува посевите во Африка, на Блискиот исток и во Азија; потоа тука се и инсектите, како што се бубачката од планинскиот бор, која ги уништува дрвјата во САД, како и бактериите, вирусите и микроскопските нематодски црви.

Распространувањето на секој организам е различно - некои пеперутки и инсекти брзо се пренесуваат, скоро по 20 километри годишно, а други бактериски видови многу бавно се движат. Сепак, од 1960 година наваму, секоја година бубачките просечно се движат по три километри.

„Откривме пресврт во нивното распространување, оддалечување од Екваторот и придвижување кон половите“, објаснува д-р Бебер.

Истражувачите сметаат дека глобалната трговија со земјоделски култури е воглавно причината за пренесување на бубачките и патогените од земја до земја.

Сепак, организмите можат да се задржат во некои области само ако условите им одговараат, а истражувачите веруваат дека повисоките температури од загревањето овозможиле овие суштества да преживуваат и на повисоки надморски височини.

Д-р Бебер вели: „Најубедлива хипотеза е дека глобалното загревање е причината за овој пресврт. Пример е компирската златица од Колорадо. Изгледа глобалното загревање и овозможило да се движи кон север, преку Европа кон Финска и Норвешка, каде студените зими нормално би ја уништиле оваа бубачка“.

Истражувачите рекоа дека се потребни подобри информации околу тоа каде овие бубачки и патгени биле и кон каде се движат, за целосно справување со степенот на овој проблем.

„Исто така треба да ги заштитиме и нашите гранци, растенијата треба да ги ставиме во карантин за да се намалат шансите овие бубачки и патогени да стигнат во нашите земјоделски системи“, додава д-р Бебер.

извор: Миа

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?