Клиника Жан Митрев го промовира здравиот начин на живот преку Шутбал – Walking Football
Објавено во: Мои пари 20 Мај, 2025 13:50
Клиника Жан Митрев ја презема водечката улога во унапредување на здравите навики во Македонија, преку промоција на спорт што станува се попопуларен во светот – Walking Football, кај нас познат како Шутбал. Под покровителство на Фудбалската федерација на Хрватска, екипата на Клиниката зеде активно учество на меѓународен турнир на островот Вис, каде што ја претставуваше Македонија со спортски дух и огромна посветеност. Натпреварувајќи се со тимови од Хрватска, Австрија и Унгарија, нашиот тим остави силен впечаток со својата енергија, фер-плеј и професионалност, што резултираше со нови покани за учество на меѓународни турнири.
Шутбалот е повеќе од игра – тој е нова можност за луѓето од сите возрасти да останат физички активни, да се дружат и да се грижат за своето здравје. Се базира на правилата на традиционалниот фудбал, но со клучна разлика: нема трчање, се игра со одење, а акцентот е ставен на рекреација, тимска игра и социјализација. Ова го прави идеален спорт за повозрасни лица, пациенти во рехабилитација,хронично болни, дијабетичари, хендикепирани, постаринад80 години старост, мешани тимови мажиижени,како и секој кој сака да води активен и здрав животен стил.

Клиника Жан Митрев е основоположник на Walking Football во Македонија и веќе ја најавува својата заложба за организирање домашни и меѓународни турнири. Целта е да се направи спортот достапен за пошироката јавност и да се поттикне изградбата на заедница која го негува здравиот начин на живот. Спортот бележи експанзија на светско ниво и е препознаен од страна на FIFA и UEFA како здравствено-корисна, инклузивна и безбедна алтернатива на традиционалниот спорт.
Клиниката ја презема одговорноста да ја води иницијативата за официјално втемелување на овој спорт во нашата земја, со јасна визија – да се создаде движење што ќе го негува спортот, здравјето и активниот животен стил, без разлика на возраста.




Можеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




