26 Јуни, 2024
0.0320

Клиниката Жан Митрев со стратешко партнерство ќе стане регионален клинички центар според најсовремени стандарди

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Клиниката Жан Митрев е во финални преговори за стратешко партнерство со Холандскиот фонд Balkan Alliance Healthcare. Преговорите се однесуваат за влез на Фондот како партнер во Клиниката што ќе овозможи оваа врвна здравствена установа да ги проширува своите дејности и да ги подигне уште на повисоко ниво стандардите во медицината во Македонија.

„Ова стратешко партнерство е поддршка на веќе започнатиот проект за прераснување на Клиниката Жан Митрев во регионален медицински центар. На овој начин стануваме финансиски помоќни за да растеме побрзо и да се развиеме во вистински регионален центар за здравствени услуги со највисоки стандарди. Според договореното доктор Жан Митрев како и досега така и понатаму ќе ја предводи целата операција на трансформација на Клиниката во регионален центар каде учат и се развиваат и нови кадри на лекари во делот на кардиохирургијата и останатите дејности. Ќе се овозможи и поголема соработка со експерти од странство, а нашиот know how ќе биде искористен за медицинските центри во сопственост на Холандскиот фонд што значи проширување на дејноста на Клиниката Жан Митрев на регионално ниво“, изјавија од Клиниката Жан Митрев.

Balkan Alliance Healthcare е формиран во 2006та од страна на повеќе европски и американски инвестициски фондови како Southeast Europe Equity Fund II (SEEF II) менаџиран од SEAF – Small Enterprise Assistance Funds. Предводен е од David Lyle Mathewson и Andrei Christian Krikliwy кои се истакнати бизнисмени во делот на инвестициите во здравствениот сектор, телекомуникации, медиуми и финансии услуги. Во делот на здравствениот сектор имаат свои инвестиции во Албанија, Косово, каде поседуваат 6 медицински центри. Во планот за реионално проширување се: Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Турција и Романија. Вредноста на Фондот во моментов изнесува 320 милиони американски долари.

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

БАЛАНСЕРОТ ОДИ ВО ИСТОРИЈА: Ќе се бара друго решение за правична застапеност?

БАЛАНСЕРОТ ОДИ ВО ИСТОРИЈА: Ќе се бара друго решение за правична застапеност?

ЦУК: Повеќе возила оштетени од невремето во Тетово

ЦУК: Повеќе возила оштетени од невремето во Тетово

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: Скопјанец барал 300 евра од девојка за да не објави нејзини компромитирачки видеа

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: Скопјанец барал 300 евра од девојка за да не објави нејзини компромитирачки видеа

ОНКОЛОГИЈА ИМА НОВ ДИРЕКТОР: Taравари го назначи Игор Стојковски

ОНКОЛОГИЈА ИМА НОВ ДИРЕКТОР: Taравари го назначи Игор Стојковски

СТОЈАНЧЕ AНГЕЛОВ: И сакам и не сакам да останам директор на ЦУК

СТОЈАНЧЕ AНГЕЛОВ: И сакам и не сакам да останам директор на ЦУК

АПАСИЕВ ЗА МИЦКОСКИ: Еден рачен часовник му вреди колку станот во кој живеам

АПАСИЕВ ЗА МИЦКОСКИ: Еден рачен часовник му вреди колку станот во кој живеам

ОД СТРАНСКА АМБАСАДА ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА: Маж од Прилеп се заканувал

ОД СТРАНСКА АМБАСАДА ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА: Маж од Прилеп се заканувал

МИЦКОСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА РАДЕВ: Ваквите изјави се дел од средниот век, а не од современа Европа

МИЦКОСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА РАДЕВ: Ваквите изјави се дел од средниот век, а не од современа Европа

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите