20 Декември, 2025
0.0974

КЛИНИКИ „МАЈКА ТЕРЕЗА“ СО НОВ ИЗГЛЕД: Проблемот со влезовите е целосно решен, нема повеќе сообраќаен хаос

Објавено во: Македонија 03 Јули, 2020 09:47

Добивај вести на Viber

По неколку децении, конечно е решен проблемот со влезовите и излезите во Клиники „Мајка Тереза“, откако и официјално заврши реконтрукцијата на инфраструктурата. 

Министерството за здравство информира дека е реконструирана и рехабилитирана постоечката улична мрежа, а со што е решен роблемот со влезовите и излезите од комплексот кон градските улици. 

-Поставена е вертикална и хоризонтална сигнализација за правилно насочување на сообраќајот. Обележани се пешачките зони, поставено е ново улично осветлување. Проширени се тротоари. Создадени се услови за движење на возила за итна медицинска помош, патеки за посетители и лица со медицински помагала и велосипеди.
Извршено е хортикултурно уредување на парковите и јавните простори низ комплексот. Поставена е нова урбана опрема: клупи, фонтани/чешми, ниско и високо зеленило.
Во непосредна околина на Унивезитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во кампусот на Клинички центар „Мајка Тереза“ интервентно е расчистен теренот од старите, диво – вселени објекти во близина на инфективна клиника, старите бараки Медицинар. Со ова, се оформи и директен пристап до инфективната клиника од ул. „Белградска“, со цел да се сепарира движењето на пациентите со симптоми на Ковид-19 од останатите пациенти кои влегуваат на главната капија на Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“. Овој месец се пушти во употреба и монтажната модуларна болница за потребите за дополнување на болничкиот капацитет на инфективната клиника. За кратко време, Клиничкиот кампус доби сосема нов лик. Нема повеќе сообраќаен хаос. Ги подобруваме условите во јавното здравство и покрај пандемијата од ковид-19. Да ги почитуваме мерките за заштита и да се грижиме за одржување на Клиничкиот кампус чист. Од нас зависи, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Во продолжение погледнете ја фото галеријата: 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки