КЛУГЕ ОД СЗО: Новите соеви не се почеток на нова пандемија, но да бидеме искрени - ова ќе биде уште една година со ковид
Објавено во: Свет 11 Февруари, 2021
Ширењето на различни соеви на вирусот корона нема да предизвика нов бран на пандемијата, изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа Ханс Клуге.
Тој во интервју за шпанскиот весник „Паис“ рече дека новите соеви се болен потсетник дека вирусот се уште ги погодува луѓето. Клуге меѓутоа нагласи дека не станува збор за нов вид на вирусот, туку дека мутациите се нормална еволуција на секој патоген, кој се обидува да се прилагоди на домаќинот, односно на човекот.
„Ова не е почеток на нова пандемија, но мора да бидеме претпазливи“, предупреди Клуге.
Според него внимателноста е клучна во моментната ситуација, бидејќи новите соеви на вирусот корона можат да предизвикаат повторна инфекција и побрзо ширење на заразата, што може да биде голем предизвик за здравствените системи на одделни земји, кои се соочуваат со пандемија.
Клуге напоменува дека новите соеви на вирусот можат да влијаат на ефикасноста на вакцините. Тој вели дека новите трендови на пренос мора да се следат и да избегнуваме носење на избрзани одлуки.
„Мора да бидеме искрени, ова ќе биде уште една година со ковид, но ќе биде полесно предвидлива и полесно ќе се контролира“, додаде тој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.