18 Декември, 2025
0.0493

Коалицијата напаѓа паралелно и во Ирак и во Сирија – на удар рафинериите!

Објавено во: Свет 26 Септември, 2014 14:13

Добивај вести на Viber

Американски и арапски бобрени авиони денеска трет ден по ред ги гаѓаа рафинериите под контрола на Исламската држава во Сирија. Целта е да се ослабне финансиски џихадистичката организација, која се потпира на приходите од нафта од заземените нафтени полиња. Во меѓувреме, САД и Франција го одржуваат притисокот и продолжуваат со нападите врз позиции на џихадистите во Ирак. Цел на денешните напади бил и командниот центар на Исламската држава во источниот сириски град ал-Маџадин Од почетокот на нападите, само во Сирија потврдена е смртта на 40-тина џихадисти. Во меѓувреме Европа стравува од одмазднички акции на европска територија. Бројот на граѓани на ЕУ мкои им се приклучиле на џихадистите во Ирак и Сирија драматично пораснал во последните месеци и сега се проценува дека ги има преку 3.000. Експертите претпоставуваат дека зголемувањето на бројката е поврзано со прогласувањето на калифатот на Исламската држава, како и со големиот публицитет што го добива оваа терористичка организација заради обезглавувањето на заложници. „Оние кои веруваат во Исламската држава одат таму“, предупреди координаторот на ЕУ за тероризам Жил де Кершов и ги повика европските земји да преземат серија мерки за да спречат џихадот да се префрли на европска територија. Во Брисел е зголемено обезбедувањето на објектите на европските институции, откако медиумите објавија дека полицијата спречила обид за терористички напад во главниот град на ЕУ. Градоначалникот на Брисел Иван Мајор вели дека терористичката закана за овој град е „конкретна и многу реална“, особено ако се знае дека од војните во Ирак и Сирија во Белгија се вратиле околу 1.000 белгиски државјани.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина