05 Декември, 2025
0.0331

Коце ќе му ја смени фасадата на Андреј

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2014 20:24

Добивај вести на Viber

Семејната куќа на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски е еден од 19-те објекти за кои Градот Скопје завчера објави тендер во кој бара идејно решение за нови фасади, објави ТВ Алфа. Според телевизијата, од Кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски не понудиле одговор зошто во програмата за нови фасади е влезен и овој објект. И Жерновски одбил да коментира денеска. „Градоначалникот Жерновски утре ќе даде изјава на темата. Несфатливо е сепак како некој може да одлучува за нечија приватна сопственост, особено што се работи за наследена куќа стара 70 години“, информираа од општина Центар. Потребата од нови фасади од Градот Скопје ја правдаат со нивната дотраеност, а најавуваат дека за новиот изглед ќе ги консултирале и сопствениците на засегнатите објекти. Ќе се менува излгедот на повеќе клучни објекти, меѓу кои поранешото седиште на Комерцијална банка, музичко-балетското училиште, седиштето на Стопанска банка во ГТЦ, Трговските центри „Палома Бјанка“ и „Плаза“, хотелот „Стоун Бриџ“, зградите на „Технометал“, „Фершпед“, Министерството за труд и социјална политика и други кои гравитираат околу плоштадите „ВМРО“ и „Мајка Тереза“. За сега не се знае дали сите овие фасади ќе се реконструираат во барок-стил. Тоа ќе зависи од идејните решенија кои ќе пристигнат на конкурсот, а краен рок за доставување на понудите е мај, велат од Град Скопје.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“