21 Март, 2025
0.0960

КОЧАНИ И МАКЕДОНИЈА СЕ ВО АГОНИЈА: Последиците од колективната траума ќе ги чувствуваме и наредните години

Објавено во: Македонија 20 Март, 2025 07:35

Добивај вести на Viber

Поради пожарот во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 59 млади луѓе во неделата, Кочани и целата држава деновиве се во агонија и последиците од оваа колективна траума ќе бидат присутни година или две од немилиот настан. Психијатарот Симеон Могилевски од Кочани ги советува луѓето да не чекаат, да побараат стручна помош и да не земаат лекови на своја рака. Вели дека деновиве имаат многу работа, а жените почесто бараат помош за разлика од мажите. 

„Оваа недела нудиме бесплатна ментална поддршка и советување. Овој посттрауматски стрес ќе се случува и во наредниот перид, година до две. Кај дел од луѓето ќе се појави несоница, агонија, разочарување, безволие, наплив на емоции, промена на расположение, во еден момент ќе бидат тажни, потоа нервозни, агресивни, се зависи како го поминале претходно животот.  Критични се тие што ги загубиле најмилите. Агонијата за едно изгубено младо дете, ќерка или син ќе биде поизразена. Во такви моменти, реално е потребна психолошка поддршка. Луѓето се во транс, потсвеста уште не проработела. Моќта кај машката популација е таква, самата машкост не им дава да побараат помош, но ќе бидат самосвесни дека не можат да се справат сами, а женската популација повеќе доаѓа да бара помош. Од децата до највозрасните сите се погодени од случувањата. Секому препорачувам да побара стручна помош. Да не посегнуваат по лекови, бидејќи тоа не го решава проблемот, туку ќе ги натрупа и одложи проблемите. Има стручни лица, само да ја побараат помошта, со разговор, тежината да излезе од нив“, објаснува Могилевски. 

Тој додава дека во нашето општество има луѓе со истрошени нерви кои ќе бидат особено погодени од ваквите трагедии.  Веста за пожарот во Кочани ја обиколи Европа. Страшните сцени ги потресоа граѓаните. Странските медиуми пренесоа дека ова е еден од најсмртоносните пожари од ваков тип досега во Европа. Инаку, во октомври во 2015 година, во пожар предизвикан од пиротехника на рок концерт во ноќен клуб во Букурешт во Романија загинаа 64 луѓе, а 190 беа повредени.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ГОЛЕМ ПОЖАР СЕ ШИРИ КАЈ СТРУМИЦА: Глетката е страшна

(ВИДЕО) ГОЛЕМ ПОЖАР СЕ ШИРИ КАЈ СТРУМИЦА: Глетката е страшна

НОВИНАРОТ ТРИФУНОВИЌ ЗА КОЧАНИ: До ова не смееше да дојде, a бројот на одговорни е многу поголем од оние кои само удриле печат

НОВИНАРОТ ТРИФУНОВИЌ ЗА КОЧАНИ: До ова не смееше да дојде, a бројот на одговорни е многу поголем од оние кои само удриле печат

ТОШКОВСКИ: Употребата на пиротехника ќе се уреди со нов закон, но поради итност ќе има измени на актуелниот од 1978 година

ТОШКОВСКИ: Употребата на пиротехника ќе се уреди со нов закон, но поради итност ќе има измени на актуелниот од 1978 година

ФРОНТМЕНОТ НА ДНК ВЛАДИМИР БЛАЖЕВ-ПАНЧО НЕ Е ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ – СООПШТИЈА ОД СИСТИНА: Хоспитализиран е на одделот за интензивно лекување

ФРОНТМЕНОТ НА ДНК ВЛАДИМИР БЛАЖЕВ-ПАНЧО НЕ Е ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ – СООПШТИЈА ОД СИСТИНА: Хоспитализиран е на одделот за интензивно лекување

ГАЗДАТА НА КЛУБОТ ДИРЕКТНО МУ ДАЛ ПАРИ НА ВРАБОТЕН ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ЗА ФАЛСИФИКАТ ЛИЦЕНЦА - истражна постапка против 27 физички и три правни лица

ГАЗДАТА НА КЛУБОТ ДИРЕКТНО МУ ДАЛ ПАРИ НА ВРАБОТЕН ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ЗА ФАЛСИФИКАТ ЛИЦЕНЦА - истражна постапка против 27 физички и три правни лица

УШТЕ ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ПРАТЕНИ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО: Д-р Мерџановски со детaли за прифаќањето на повредените од пожарот во Кочани

УШТЕ ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ПРАТЕНИ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО: Д-р Мерџановски со детaли за прифаќањето на повредените од пожарот во Кочани

НАСИЛНА СМРТ СО ЗАДУШУВАЊЕ ПРЕДИЗВИКАНО ОД ПОЖАРОТ Е КОНСТАТИРАНА КАЈ СИТЕ ЖРТВИ: Што друго покажува обдукцијата на починатите

НАСИЛНА СМРТ СО ЗАДУШУВАЊЕ ПРЕДИЗВИКАНО ОД ПОЖАРОТ Е КОНСТАТИРАНА КАЈ СИТЕ ЖРТВИ: Што друго покажува обдукцијата на починатите

Тошковски Кривични пријави за 34 физички лица, истрагата трае и понатаму

Тошковски Кривични пријави за 34 физички лица, истрагата трае и понатаму

„ЛЕКУВАЊЕТО НА СИТЕ ПАЦИЕНТИ ЌЕ БИДЕ ОБЕЗБЕДЕНО ОД ДРЖАВАТА“: Митева апелира да не се шират шпекулации

„ЛЕКУВАЊЕТО НА СИТЕ ПАЦИЕНТИ ЌЕ БИДЕ ОБЕЗБЕДЕНО ОД ДРЖАВАТА“: Митева апелира да не се шират шпекулации