КОЦИЈАНЧИЌ ЗА ФАКТОР: Хан доаѓа за да порача - итно формирајте реформска Влада!
Објавено во: Македонија 21 Март, 2017 10:14
Во пресрет на денешните средби на Комесарот на проширување и добрососедска политика на ЕУ со македонскиот политички естаблишмент, портпаролката Маја Коцијанчиќ за Фактор вели дека Јоханес Хан лично ќе ја пренесе загриженоста за развојот на состојбите во Македонија како и потребата од итно формирање на Влада.
„Комесарот за проширување и добрососедска политика и тројцата европратеници на средбите во Скопје ќе го повторат цврстиот став на ЕУ да се почитуваат резултатите од изборите и да се дозволи демократските процеси да продолжат, и во скоро време да се формира Влада насочена кон реформи која набрзо ќе продолжи да го имплементира договорот од Пржино. Минатата недела, за време на Western Balkans Six Leaders' summit во Сараево, Комесарот Хан ја потенцираше важноста на регионалната соработка и предупреди на ризикот од подгревање на меѓуетничките тензии, со изјави или делувања кои би ги поткопале добрососетските односи.
На прашањето на Фактор дали Еврокомесарот Јоханес Хан ќе ја осуди албанската платформа на што инсистира ВМРО ДПМНЕ од Брисел со став:
„Нема да шпекулираме или да коментираме за ничија програма.Очекуваме брзо формирање на нова Влада којашто ќе биде насочена кон имплементација на доспеаните реформи. Ние ќе инсистираме на имплементација на сите точки од Пржинскиот договор и итните реформски приоритети. Сите овие работи се важни за земјата да се врати на патот кон ЕУ кој што го посакуваат и заслужуваат граѓаните“.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ПАРТИИТЕ ДА ГО ПОЧИТУВААТ ИСХОДОТ ОД ИЗБОРИТЕ И УСТАВОТ
„Ги поттикнуваме сите политички учесници, вклучувајќи го и Претседателот, да го почитуваат исходот од изборите, да дејствуваат согласно Уставот и да ги признаат парламентарните мнозинства за да се дозволи продолжување на демократските процеси. Ние ќе инсистираме на имплементација на сите точки од Пржинскиот договор и итните реформски приоритети. Сите овие работи се важни за да земјата се врати на патот кон ЕУ кој што го посакуваат и заслужуваат граѓаните. Ги повикуваме сите да се воздржат од било какви акции или изјави кои што би можеле да поттикнат тензии, вклучувајќи и меѓуетнички, или пак да ги поткопаат добрососетските односи“, вели за Фактор Коцијанчиќ .
Горазд Чомовски
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




