„Коцкарниците и кладилниците се дислоцираат далеку од младите луѓе“: Влен се пофали со повеќе проекти меѓу кои и болниците во Тетово и Кичево
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2025 09:24
Претставниците на албанската коалиција, која е дел од владејачката коалиција утрово се пофали со повеќе одлуки, кои според нив се значајни за подобар живот на албанската заедница во Македонија.
Тие посочуваат дека во еден ден, Владата во која ВЛЕН е рамноправен партнер донесе повеќе одлуки од суштинска корист и значење за Албанците во државата отколку што која било влада на ДУИ успеала да донесе во цел еден мандат.
- Овие резултати се доказ дека кога Албанците се вистински застапени на масата за одлучување, ветувањата стануваат дело, а декларациите – конкретни подобрувања во секојдневниот живот.
Ние сме во Влада за да покажеме конкретни резултати за Албанците во Македонија- напоменуваат од Влен (Вреди) со назнака кои одлуки се донесени.
Како што посочуваат од Влен, вчера биле донесени следните одлуки:
1. Закон за средни училишта на верските заедници.
За прв пат исламското средно училиште, Медресето "Иса Беу" Скопје добива јасен правен статус, чекор што ДУИ го ветуваше, но никогаш не го оствари.
2. Нов Закон за игрите на среќа
Коцкарниците и кладилниците се дислоцираат далеку од младите луѓе. Оваа мерка штити млади животи и семејни буџети од зависност, тема на која ДУИ молчеше со години.
3. 205 милиони евра за здравствена инфраструктура, каде е предвидено и:
Целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово
Градба на нова болница во Кичево
Инвестиции што ќе обезбедат достоинствено лекување таму каде што живее мнозинството албанско население.
4. 110,5 милиони денари за нов водовод во Љуботен и Љубанци (Општина Бутел)
Долгоочекуваното решение за чиста вода во предел каде што живеат многу албански семејства конечно станува реалност, наместо политичка флоскула.
5. Санација на спортски терени во сите населени места
Создаваме здрави услови за младите, мотивирајќи ги да изберат спорт, а не пороци, нешто што децении беше оставено во запуштеност.
- ВЛЕН вети работа, донесе резултати. За еден ден постигнавме повеќе конкретни добивки за Албанците отколку што ДУИ испорача за цел мандат. ВЛЕН ќе продолжи со истото темпо: реални промени, видливи за секое семејство, во секое населено место - напоменуваат од партијата.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




