26 Декември, 2024
0.0267

Коѕијас: Референдумот не е услов, туку избор на Скопје

Објавено во: Балкан 02 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, коментирајќи го и објаснувајќи го резултатот од референдумот во Македонија вели дека референдумот не е ниту услов, ниту правно барање за имплементација на Договорот од Преспа, туку е избор на Скопје. 

Коѕијас истакна дека Ѓорѓе Иванов за претседател и Зоран Заев за премиер биле избрани со помал број гласови од гласовите што ги доби „ЗА“ на референдумот.

„Сега одиме на политичкиот дел. Голем процент е 37 -38 отсто? На прв поглед кога некој го гледа, ако не ги знае балканска политика и политиката на Скопје и нивната реалност, ќе каже дека е мал. И логично е. Но, ако знае колку гласови се овие 37-38 отсто и што се случи на претходните избори, тогаш ќе сфати одредени работи“- вели Коѕијас. 

Како што јави дописничката на МИА од Атина, министерот за надворешни работи на Грција, во синоќешното опширно интервју за грчката државна телевизија објасни дека не се пречистени изборните списоци и дека ако гласале сите што имаат право на глас според реалното избирачко тело од еден до 1,2 милион гласачи, мнозинството од 50 отсто +1 ќе беше под 600.000, односно 540.000-550.000.

„Реалното избирачко тело е околу милион, 1.100.000 до 1,2 милион. Во ова реално тело „ДА“ за Договорот од Преспа доби над 50 отсто. Односно и да гласаше целото избирачко тело, резултатот пак ќе беше над 50 отсто“- вели Коѕијас, пренесе МИА.

Според информациите што официјална Атина ги имала од Скопје, како што рече Коѕијас, проценките биле дека излезеноста ќе биде меѓу 40 и 45 отсто, а според тоа Грција била ориентирана дека ќе гласаат 40-41-42 отсто.

Во однос на случувањата кај нас, шефот на грчката дипломатија рече дека ако Заев не ја добие битката во Собранието, според негово мислење, „ во секој случај ќе ги добие следните избори, тоа го велат резултатите од референдумот“.

Можеби ќе ве интересира

ЦРВЕН МЕТЕОАЛАРМ ВО ХРВАТСКА: Спасувачите извлекоа трудница од снежната бура! „Не излегувај, тоа е опасно по живот“

ЦРВЕН МЕТЕОАЛАРМ ВО ХРВАТСКА: Спасувачите извлекоа трудница од снежната бура! „Не излегувај, тоа е опасно по живот“

ХЕРОЈСКИ ПОДВИГ - екипа за Итна помош од Бања Лука четири часа пешачела низ снег за да стигне до болно дете

ХЕРОЈСКИ ПОДВИГ - екипа за Итна помош од Бања Лука четири часа пешачела низ снег за да стигне до болно дете

АНКЕТА: Мнозинството граѓани одговориле дека Хрватска не оди во правилна насока

АНКЕТА: Мнозинството граѓани одговориле дека Хрватска не оди во правилна насока

СПАСУВАЧКА АКЦИЈА: Хеликоптер транспортираше трудница од завеан хрватски град

СПАСУВАЧКА АКЦИЈА: Хеликоптер транспортираше трудница од завеан хрватски град

(ВИДЕО) СНЕГ ВО ХРВАТСКА: Педесетина луѓе беа заглавени во автомобилите

(ВИДЕО) СНЕГ ВО ХРВАТСКА: Педесетина луѓе беа заглавени во автомобилите

ЗАГИНА МЛАД ЧОВЕК: Невремето во Србија ја однесе првата жртва

ЗАГИНА МЛАД ЧОВЕК: Невремето во Србија ја однесе првата жртва

МИСИЈАТА ЌЕ ТРАЕ ТРИ ГОДИНИ: Албанија ќе обучува украински војници

МИСИЈАТА ЌЕ ТРАЕ ТРИ ГОДИНИ: Албанија ќе обучува украински војници

(ВИДЕО) ЛУЃE ДЕСЕТ ЧАСА БЕА ЗАГЛАВЕНИ ВО СНЕГОТ: Драматично беше кај Дрвар

(ВИДЕО) ЛУЃE ДЕСЕТ ЧАСА БЕА ЗАГЛАВЕНИ ВО СНЕГОТ: Драматично беше кај Дрвар

ШТО Е НОРОВИРУС И КОЛКУ Е ОПАСЕН? Хрватска итно повлече еден производ контаминиран со овој вирус

ШТО Е НОРОВИРУС И КОЛКУ Е ОПАСЕН? Хрватска итно повлече еден производ контаминиран со овој вирус