29 Септември, 2024
0.0268

Кое е македонското извозно чудо? Во странство продаде сокови за 5 милиони евра, го зголеми извозот за 20 пати!

Објавено во: Економија 22 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Скопски „Фруктал“ лани го огреа сонце. Успеа да ја зголеми продажбата за 18 отсто, а јако го нагази извозот за сметка на домашната продажба. Компанијата ја има најдобрата година во последните пет, а со отпимална алокација на ресурсите профитот лани достигна 822.000 евра, двојно повеќе од 2021 година

Скопски „Фруктал“ има година за паметење. Во услови на енергетска криза, бројни економски неизвесности и санкции, губење на пазари на „Фруктал“ му тргна. Успеа да го зголеми извозот за 20 пати во споредба со 2021 година. Според официјалните податоци оваа скопска компанија, која го носи името на најголемиот бренд производител на сокови на просторите на поранешна Југославија, од извоз на сокови инкасираше речиси 5 милиони евра. Само за споредба извозот лани бил 250.000 евра.

Резултатот за „Фруктал“ е за поздравување, а особено заради нето приливот на девизи од извозот.

Но, не е за потценување ниту продажбата на домашниот пазар. Иако е преполовен во споредба со претходната година. Пласамот на македонскиот пазар на компанијата и донел 3,85 милиони евра.

Вкупните приходи од продажба достигнале 9 милиони евра за цела 2022 година и се за 18 отсто повисоки од претходната година.

Сите оперативни расходи на „Фруктал“ лани за малку надминале 8 милиони евра и во споредба со претходната година се зголемиле за 14 отсто. Разбирливо дека најголема ставка се трошоците за суровини и други материјали кои изнесуваат 5,5 милиони евра и се повисоки за 22 отсто во споредба со претходната година.

За особено истакнување е продуктивноста на „Фруктал“ поточно со колку мал трошок за вработени оваа компанија успева да оствари приход од 9 милиони евра. За своите вработени друштвто лани издвоило 616.000 евра.

Билансот на успех покажува дека финансиските приходи и финансиските расходи речиси се анулираат меѓусебно и немаат речиси никакво значајно влијание врз нето добивката на друштвото.

Профитот на нето основа лани изнесувал 822.000 евра и во споредба со претходната година е дуплиран.

Билансот на состојба покажува дека оваа компанија нема висока кредитна изложеност ниту по основ на долгорочни ниту пак по краткорочни кредитни аранжмани.

Значајно за истакнување е дека лани тековните обврски на ова друштво се намалени за речиси еден милион евра и изнесувале 3,7 милиони евра.

Доминантен акционер во оваа компанија е словенечкиот бренд производител „Фруктал“ кој поседува 96 отсто од акциите со право на глас. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија