29 Септември, 2024
0.0259

КОЕ ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ДОЛЖИ ДЕВЕТ МИЛИОНИ ЕВРА, А ЌЕ ВРАБОТУВА - за помошник директор се нудат 40 илјади денари

Објавено во: Економија 21 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Кумановскиот Водовод должи близу девет милиони евра, и речиси секогаш е на листата на 10 најголеми борчлии во државава, но тоа за ова јавно комунално претпријатие не е пречка да реализира осум нови вработувања. Меѓу нив бара и помошник директор, кој ќе зема стартна плата од 40 илјади денари.

Од огласот кој го ртаспишала Агенцијата за администрација може да се види дека станува збор за административен кадар, од помошник директор, преку благајник, па до советници и соработници, но и референти, со плати кои за нив се нудат од над 21 илјада, па до 40 илјади денари.

Според податоците на Министерството за финансии објавени за крајот на минатата година, ЈП Водовод Куманово е точно десетти должник на листата на државни најголеми борчлии. Практично, ЈП водовод Куманово има доспеани а неплатени обврски од 544,8 милиони денари или 8,9 милиони евра. Тоа е прилично голема сума на задолженост за едно локално јавно претпријатие, кое со години наназад е на листата на неславни лидери по наталожен долг, каде речиси редовно влегуваат МЖ Транспорт и МЖ Инфраструктура, потоа Национални енергетски ресурси, уште неколку општини и јавни претпријатија, како и една јавна здравствена установа.

Најатрактивната работна позиција што ја нуди ЈП Водовод е помошник директор, за кого се нуди плата од 40 илјади денари. Оние што ќе се пријават треба да имаат ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на правни науки, и треба да имаат најмалку шест години работно искуство во струката, од кои најмалку две на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку 10 години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор За него се бара, согласно годишниот план на институцијата, да биде Македонец или Македонка, а точниот износ на неговата плата ќе биде 39.463 денари.

Потоа, вториот извршител што се бара е референт - благајник, кој треба да има ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, гимназија, економија, како и најмалку една година работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 21.650 денари, а на ова место треба да се вработи Албанец или Албанка, согласно годишниот план на институцијата според етничкиот состав.

Се бара и помлад соработник за човечки ресурси, кој треба да има високо образование од областа на правни и организациони науки или управување односно менаџмент од областа на економски науки. Тој може но и не мора да има работно искуство во струката, а ќе зема плата од близу 30 илјади денари. Ова мерсто е резервирано за Македонец според етничката припадност.

Кумановскиот водовод сака да вработи и помлад соработник за координација и организација, кој исто треба да биде економист или правник, со или без работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде нецели 29 илјади денари, а согласно годишниот план на институцијата предвидено е овој кадар да биде Албанец. Отворено е и работно место за соработник за јавни набавки, кој треба да биде високообразован економист или информатичар, а ќе зема плата од 30.000 денари, а според националност треба да биде Македонец.

Уште ќе се прима и референт за наплата, кој може да биде и со вишо или средно образование, со една година искуство, и ќе има не премногу атрактивна плата од 21.650 денари. Ќе се вработи и соработник – сметководител, со плата од 30 илјади денари, како и референт – архивар, за 21.650 денари,

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија