27 Април, 2025
0.0258

Кое пензиско друштво заработи 3,7 милиони евра управувајќи со парите на речиси 300.000 идни пензионери?

Објавено во: Економија 15 Април, 2025 08:05

Добивај вести на Viber

КБ Прво пензиско друштво управува со 1,34 милијарди евра пари на идни пензионери. Лани друштвото за своите услуги наплатило вкупно 6,77 милиони евра од што чиста доивка му останале 54,6% од приходите

КБ Прво пензиско друштво лани заработи 3,7 милиони евра од управување со двата отворени пензиски фонда, покажуваат официјалните податоци од независната ревизија кои се објавени на веб страницата на Македонската берза.

КБ Прво пензиско друштво е компанија специјализирана за управување со средства наменети на пензии на сегашни вработени и идни пензионери кои се опфатени со реформата на македонскиот пензиски систем. Ова друштво работи 20 години, управува со два фонда (едниот пензиски задолжителен, а другиот пензиски доброволен) и во Македонија има најголем број на членови. Според најновите податоци достапни на нивната веб страница друштвото управува со 1,34 милијарди евра вложуања. Од тоа 1,31 милијарди евра се пари на повеќе од 282.500 членови на задолжителниот фонд.

КБ Прво пензиско друштва лани остварило вкупни приходи од управување со двата фонда во вкупен износ од 6,77 милиони евра. И тоа е за 15 отсто повеќе од претходната споредбена 2023 година. Од тоа 2,21 милиони евра се генерирани по основ на надоместок од уплатени придонеси кои друштвото ги прибира согласно законската регулатива, а 4,5 милиони евра се приход од надоместокот што го наплаќа за управување со средствата на идните пензионери.

Вкупните расходи на друштвото кое управува со овие фондови лани биле 3,19 милиони евра. Во споредба со 2023 година неговите вкупни расходи се поголеми за 6,7 отсто. Во структурата на овие расходи најголемо е учеството на трошокот што согласно со закон друштвото е должно да го плати кон државната агенција за супервизија МАПАС и тие се малку повеќе од половина од сите трошоци за управување со фондовите. 

Во структурата на расходите трошоците на управување со фондовите изнесуваат 1,64 милиони евра. Нивното учество е малку поголемо од учеството на расходите за управување со друштвото кое управува со двата фонда кои изнесувале 1,55 милиони евра. Во структурата на расходите за управување со друштвото најголемо е учеството на трошоците за 37 вработени во друштвото. За нивното работење друштвото лани платило 950.000 евра.

КБ Прво пензиско друштво има два акционери. Поголемиот е словенечниот инвеститор Скупина Прва Заваровалнишки Холдинг кој управува 51 отсто од акциите. Другиот акционер е најголемата македонска деловна банка „Комерцијална банка“ која поседува 49 отсто од акциите. Друштвото има 1.800 акции.

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

Со Законот за енергетика имаме темел за фер, ефикасен и европски усогласен енергетски систем“

Со Законот за енергетика имаме темел за фер, ефикасен и европски усогласен енергетски систем“

Инспектори по охридското крајбрежје, 12 угостители на плажите не ги исполнувале безбедносните услови

Инспектори по охридското крајбрежје, 12 угостители на плажите не ги исполнувале безбедносните услови

„Валамар“ ја зголемува основната плата од мај во Хрватска, готвачите и келнерите ќе имаат плата до 2.000 евра

„Валамар“ ја зголемува основната плата од мај во Хрватска, готвачите и келнерите ќе имаат плата до 2.000 евра

Украина не го потпишува кончениот договор за минерали

Украина не го потпишува кончениот договор за минерали

ТРГОВЦИТЕ ДО ТРАМП: Полиците ќе останат празни

ТРГОВЦИТЕ ДО ТРАМП: Полиците ќе останат празни

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СРБИЈА: Објавени се нови податоци за просечната заработка

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СРБИЈА: Објавени се нови податоци за просечната заработка

ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ: Калифорнија ја движи нацијата напред

ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ: Калифорнија ја движи нацијата напред

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ УГОСТИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НУК, ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ - роднините и пријателите се простуваат од него

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ УГОСТИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НУК, ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ - роднините и пријателите се простуваат од него

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ