07 Октомври, 2024
0.0317

КОГА ДИПЛОМАТА НЕ ВРЕДИ НИШТО: Расте бројот на невработени со завршен факултет!

Објавено во: Економија 11 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Се зголемува бројот на невработени кои имаат завршено високо образование. Во првиот квартал од годинава имало 41.460 невработени кои имаат завршено факултет. Лани пак, во истото тромесечје од годината нивната бројка изнесувала 38.425 невработени со високо образование, а во  2010 година во првото тромесечје со високо образование имало 29.954 невработени. Во првите три месеци од годинава, од вкупно 41.460 невработени со високо образование 23.109 се жени, а 18.360 се мажи. Во истовреме, намален  е бројот на невработени со завршено 4 годишно средно образование. Па така, годинава во првите три месеци имало 119.312 невработено со овој степен на образование, додека лани во истиот период нивниот број бил поголем и изнесувал 131.712 невработени со четири годишно средно образование. ДЗС: Стапката на невработеност се намалува Во првиот квартал од годинава без работа биле 262.140 луѓе во Македонија.  Или тоа е стапка на невработеност од 27,3%. Според податоците на Државниот завод за статистика невработеноста во земјава бележи намалување. Па така во последниот квартал од минатата година, невработени биле 265.370 луѓе а стапката на невработеност изнесувала 27,6%.  Еве како изгледа бројот на невработените: nevrab Невработеност кај машкиот и женскиот пол  Во вкупниот број на невработени кој изнесува 262.140 луѓе , според анализата на податоците 62,8%  се мажи,  а 37.2% од невработените се  жени. Или, во првиот квартал од годинава, невработени биле 164.596 мажи и 97.544 жени. При тоа ако се спореди со првото тромесечје од минатата година може да се забележи дека бројот на невработени мажи е зголемен за 2,8% , наспроти намалувањето од 12,9%  регистрирано кај бројот на невработени жени. nevrab1 Невработеноста е најголема кај мажите и жените кои се на возраст од 25 до 49 години. При тоа кај мажите на оваа возраст бројот на невработени се зголемува, додека кај жените има тренд на  намалување. nevrab12Н.С.  

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип