КОГА Е „ГАГА“ И КИСЕЛИНАТА Е БЛАГА: Специјалци интервенираа при тепачка на пензионери за бесплатно возење за Демир Капија
Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2017 12:37
Не бадијала е смислена оваа поговорка, „Кога е гага и киселината е блага“.
Кога се дели нешто бесплатно, луѓето буквално се подготвени на се, па макар и на тепачка, расправии и турканици.
Ваква слика денеска можеше да се види на железничката станица во Скопје каде мераклии се испотепаа за бесплатниот воз за Демир Капија. Турканиците почнале кога насобраните дознале дека мора да обезбедат билет па тогаш да се качат во возот. Дел од нив имале билети, но тие што немале ја направиле ситуацијата уште потензична.
За да не излезе состојбата од контрола дури и специјалци морале да интервенираат и да контролираат влегување само со билет.
Во Демир Капија денеска се одржува традиционална манифестација по повод Св. Трифун денот на лозарите.
Општината таму организира бесплатно јадење и пиење, шведска маса, вино и ракија а за забавата ќе се погрижат Јордан Митев, Блага Петреска, Виолета Томовска, оркестарот „Зајди, зајди“, па оттука можете да претпоставите зошто сите тие турканици и тепачки за бесплатен билет.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




