19 Декември, 2025
0.0397

КОГА ИСТЕКУВА РОКОТ НА МОЈАТА ВАКЦИНА: Долготрајноста на имунитетот е различна, една од вакцините најдолго штити

Објавено во: Македонија 26 Мај, 2021 07:44

Добивај вести на Viber

За идејата за третата доза на вакцината против Ковид-19, започна да се зборува со појава на новите соеви на корона вирусот корона, како и по извештаите дека по втората доза од кинеската вакцина Синофарм, кај дел од популацијата не се создале антитела. Во светот засега има само малку податоци тоа колку долго штитат вакцините, но сепак голем број клинички истражувања се во тек и тие во наредниот период треба да дадат одговор на прашањето за долготрајноста на имунитетот по вакцинирањето.

Досегашни податоци:

Синофарм

Проценките сугерираат дека две дози на Синофарм даваат имунитет за четири до шест месеци, иако кај некои луѓе е пронајдена доволна количина на заштитни антитела осум месеци по втората доза.

Во Абу Даби, неодамна беше направено опсежно истражување за вакцината „Синофарм“, бидејќи Обединетите Арапски Емирати се земјата во која поголемиот дел од населението е вакцинирано со кинеската вакцина. Ова е првата земја што започна да ја користи и третата доза кај луѓе кои немаат антитела по две вакцини.

Иако кинеската вакцина Синофарм побавно го создава имунитетот против корона вирусот,  според научницие од Кембриџ и Оксфорд, таа сепак е најотпорна на мутации на вирусот, бидејќи ја содржи целата вирусна честичка.

Фајзер

Иако според истражувањата, вакцината на Фајзер е претставена како најефикасна, извршниот директор на компанијата, Алберт Бурла, сепак изјави дека на луѓето најверојатно ќе им биде потребна и трета доза.

- Најверојатно, ќе биде потребна трета доза, некаде помеѓу шест и 12 месеци, а потоа ќе има повторни вакцинации секоја година, но сето тоа треба да се потврди - изјави Алберт Бурла за CNBC, додавајќи дека варијантите на корона вирусот ќе играат клучна улога.

- Треба да се вакцинирате против грип секоја година, така ќе биде и со ковид, изјави Бурла.

Спутник V

Директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), Кирил Дмитријев, во јануари изјави дека е рано да се каже колку долго Спутник V вакцината ќе штити од корона вирусот, но истовремено потврди дека врз основа на експерименталните податоци, се очекува руската вакцина да даде најмалку две години имунитет против ковид-19.

Астра Зенека

Според моментално достапните податоци, по 1-4 недели од приемот на втората доза на вакцината, се создава имунитет кој е 60-90% ефикасен во спречување на болеста КОВИД-19. Во тек се студии на голем број испитаници кои треба да дадат повеќе податоци за ефективноста на вакцината.


Можеби ќе ве интересира

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните