19 Декември, 2025
0.0406

Кога ќе го видиме решението на грчката драма!?

Објавено во: Балкан 24 Јуни, 2015 23:57

Добивај вести на Viber

Преговорите меѓу премиерот на Грција Алексис Ципрас и шефовите на институциите-кредитори на земјата, завршија без резултат. Нема постигнат договор за основите на реформите кои западот ги бара од Атина за да добие ново финансирање. За велерва е најавена продолжување на маратонските преговори. Во продолжение ви ги пренесуваме ставовите на аналитичарите и нивните очекувања. Кога се очекува разрешница на грчката драма - тоа го коментираат економистите, откако стана јасно дека грчката влада им предложи договор на доверителите што предвидува фискални мерки во износ од речиси 8 милијарди евра и раст на даноците. Договорот се очекува да биде потпишан до крајот на неделава. Според економистот Јоаким Каламарис е можно дури и денес да се дојде до разврска. За грчкиот народ сепак очекуваниот трет меморандум не е решение, бидејќи грчката економија е во задушување од " поправни мерки ". Нема што повеќе да се сака од овој народ и даночните обврзници, вели Каламарис и тоа го аргументира со тоа што големите пари одамна се надвор од земјата. Бидејќи во телевизиските репортажи покажуваат како Грците ги повлекуваат парите од банките, тој коментира дека банките не се загрозени од банкрот, бидејќи тие се обезбедени од ЕЦБ и од грчката држава. Луѓето сепак се вознемирени, бидејќи се во неизвесност за утрешниот ден. "Зборуваме за лобито. Грчките граѓани не располагаат со сопствената централна банка - таа е само 7% национална ", додаде економистот. Професор Гарабед Минасјан посочи дека гледа на поинаков начин на работите во Грција. Тој не смета дека грчката влада и партија "Сириза" всушност го штитат националниот интерес. "Се засилија луѓето кои сакаат Грција да остане во Европа. Не мислам дека Грција може да има друго место освен во Европа. Каде ќе падне, ако излезе од ЕУ? Во железните прегратки на Москва ли ", праша тој. Професор Минасјан изјави дека не ги одобрува политиката на грчката влада, која ги става на картичка интересите на народот и во голема мера го заблудува со тоа што е со ситуацијата и како би можело да биде добро. Во целиот свет се зборува за Грција и тоа не во добар контекст. Тоа на еден или друг начин ќе влијае на состојбата на луѓето, додаде тој. Според Јоаким Каламарис "Сириза" во моментов заработува поени, бидејќи владејачката партија е во синергија со доверителите. "Проблемот е дека Владата продолжува да служи на интересите на доверителите, а не на грчкиот народ. Во земјата има 10 илјади самоубиства, индустријата и трговијата се уништени, а ние зборуваме за развој. Одете во Дубаи да видите што значи економија ", рече тој. Каламарис додаде: "Пред четири години потпишавме меморандум за да се подобри ситуацијата. Сега долгот е двојно зголемен. Не може да има повеќе губиток во ЕУ, не сме еднакви меѓу еднаквите, зборуваме за 50 - 60% оданочување ". Минасјан одговори сепак, дека пред неколку години две европски држави беа на прагот на несреќата - Исланд и Ирска. И во двете држави, сепак беа воведени многу строги мерки, луѓето ги прифатија и исполнија, затоа сега никој не зборува за криза во овие земји. Обработка: К.К. Извор: Investor

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен