КОГА ЌЕ ГО ФАТАТ ЌЕ ОДИ ВО 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР: Скопскиот Кривичен суд му определи мерка на осомничениот Љупчо Палевски за убиството на Вања
Објавено во: Македонија 05 Декември, 2023 10:07
Скопскиот Кривичен суд му определи мерка 30-дневен притвор на првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, Љупчо Палевски со прекар Палчо, кој е во бегство, а која ќе биде спроведена по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.
-Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, донесе решение со кое го прифати предлогот на Обвинителството и на Љ.П. со прекар П. Од Скопје, му определи мерка притвор од 30 дена од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода, а поради постоење на основите од член 165 став 1 точка 1,2 и 3 од ЗКП односно опасност од бегство, ќе ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоци или ќе го повтори кривичното дело. Согласно наредбата за спроведување истражна постапка, за лицето постои основано сомнение за кривичните дела Убиство од чл. 123 ст.2 т.7 вв со чл. 22, Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 вв. чл. 22 и Предизвикување општа опасност од чл. 288. ст.1 вв со чл. 22 од КЗ, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје.
Претходно вчера, Кривичниот суд на предлог на скопското Основно јавно обвинителство за осомничениот кој е во бегство по итна постапка донесе Наредба за спроведување истрага за кривични дела - Грабнување од член 141 и Убиство од член 123 од КЗ, а Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Палевски.
- Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување" и "убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје, објавено е на веб страницата на МВР.
Од Судот потсетуваат дека во текот на вчерашниот ден, на предлогот на Јавниот обвинител, судија на претходна постапка им определи мерка краткотраен притвор од 48 часа на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, заради опасност од бегство и попречување на истрагата со влијание врз сведоци и на Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, заради опасност од бегство, влијание врз сведоци и страв дека ќе го повторат односно извршат ново кривично дело.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
МИЛОШОСКИ СМИРУВА: До Македонија официјално нема барање за азиланти или мигранти, дури и ако има категорично би било одбиено
БРАВО, СООБРАЌАЈОТ ВО СКОПЈЕ Е НЕПРЕПОЗНАТЛИВ: Докторот Лазаров објасни какви се последиците при возење со 40 и 50 километри на час
Маж се заканил на сопругата дека ќе ја фрли од прозорец поради кавга за продолжен кабел
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Адвокатите имаат многу забелешки за обвинението за пожарот во „Пулс“
OJO ЗА НАПАДОТ ВО ИНФОМАКС: Осомничениот обил врати и се заканувал на новинари и на гостинот дека ќе ги убие
СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите, eве што содржи
Зимзоленд под лупа на институциите: Што се утврди и какви мерки ќе следат за забавниот парк во Скопје?
Семејството на загинатата сопатничка во сообраќајката во Илинден бара одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев од Левица
Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите




