11 Декември, 2025
0.4054

OJO ЗА НАПАДОТ ВО ИНФОМАКС: Осомничениот обил врати и се заканувал на новинари и на гостинот дека ќе ги убие

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2025 19:17

Добивај вести на Viber

Oбвинителството поведе постапка против едно лице за насилство и спречување новинари во службата. 

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска став 1, како и кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот делото го извршил синоќа, во просториите на студиото на Инфомакс, во моменти додека се емитувала онлајн програма во живо. Тој ја обил надворешната врата во дворот, како и уште две врати на објектот, влегол внатре и започнал со  насилничко и агресивно однесување,  заканувајќи им се на двајца новинари, гостин и уште еден вработен дека ќе ги убие поради искажани навреди за премиерот. Започнал да замавнува и да пробува да се пробие и да дофати еден од новинарите, фрлал со чаши кон нив, ги влечел и ги туркал додека не го изнеле надвор и не повикале полиција. Како резултат на настанот, новинарите биле спречени во извршувањето на нивната службена должност, односно морале да го прекинат емитувањето на програмата. Исто така, од чинот на насилство сите присутни се почувствувале исплашени и загрозени за своите животи и за својата безбедност“, велат од ОЈО. 

Јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, а со оглед на добиени  информации од кривичната пријава за неговата претходна здравствена состојба, во текот на постапката ќе биде наредено и психијатриско вештачење на осомничениот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Маж се заканил на сопругата дека ќе ја фрли од прозорец поради кавга за продолжен кабел

Маж се заканил на сопругата дека ќе ја фрли од прозорец поради кавга за продолжен кабел

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Адвокатите имаат многу забелешки за обвинението за пожарот во „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Адвокатите имаат многу забелешки за обвинението за пожарот во „Пулс“

СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите, eве што содржи

СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите, eве што содржи

Зимзоленд под лупа на институциите: Што се утврди и какви мерки ќе следат за забавниот парк во Скопје?

Зимзоленд под лупа на институциите: Што се утврди и какви мерки ќе следат за забавниот парк во Скопје?

Семејството на загинатата сопатничка во сообраќајката во Илинден бара одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев од Левица

Семејството на загинатата сопатничка во сообраќајката во Илинден бара одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев од Левица

Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите

Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите

Драган од Штип ја продолжува пчеларската традиција на прадедо му – наследство старо четири генерации што и денес создава природен мед

Драган од Штип ја продолжува пчеларската традиција на прадедо му – наследство старо четири генерации што и денес создава природен мед

„Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци“: Лефков од ВМРО - ДПМНЕ со реакција

„Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци“: Лефков од ВМРО - ДПМНЕ со реакција

Обвинителството бара продолжување на мерката притвор за таткото и една од ќерките-краварки во Крива Паланка

Обвинителството бара продолжување на мерката притвор за таткото и една од ќерките-краварки во Крива Паланка