Кога невработеноста ќе престане да галопира?
Објавено во: Економија, Корона Вирус 08 Септември, 2020
Неизвесно е дали оваа есен бројот на невработени во земјава ќе расте или ќе стагнира.
Мислењата во бизнис секторот се поделени на оваа тема. Според едни најлошото помина, а според други, пандемијата допрва ќе зададе силен удар.
„Најлошото помина во март, април и мај. Малите и средните претпријатија беа погодени, и ќе видиме како ќе биде понатаму, но се надеваме дека состојбата ќе се подобри“, велат од Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија Струмица, регионален бизнис центар.
Валентина Дисоска од Здружението на бизнис жени вели дека најлошото допрва доаѓа затоа што летово не сите фирми имале добри приходи. Таа наведува дека ова не важи за фирмите кои се занимаваат со производство на храна и за супермаркетите.
„Во текот на летото немаше приходи, и пари за плати има сѐ помалку, ако не се донесат мерки за помош на бизнис секторот. Најтешкото допрва доаѓа наесен. За раст воопшто да не зборуваме. Можно е да има затворање на работни места. Најпогодени ќе бидат малите и микро претпријатија кои и пред кризата беа критични“, додава Дисоска.
Статистиката покажа дека во Македонија пораснала невработеноста.
Овој тренд трае откако пандемијата на коронавирусот ја зафати нашата земја. Во второто тримесечје од 2020 година, невработеноста во земјава скокна на 16,7 проценти.
Конечно бројките за јуни ги објави и Агенцијата за вработување, а тие покажуваат дека само тој месец бројот на евидентирани невработени изнесувал 133.455 лица, односно е зголемен за 12.268 споредбено со мај. Ако се гледа во однос на февруари, бројот на невработени е зголемен за 27.639 граѓани.
Mакедонија не е изолиран случај. Економски последици од пандемијата има и во регионот.
Од воведувањето мерки за борба против епидемијата на коронавирус на 15 март годинава, невработеноста во Црна Гора е зголемена за 20,99 проценти, односно 7.446 лица останаа без работа.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.