Кога СДСМ ќе ги објави имињата од пратеничките листи?
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2016
СДСМ в недела на партиски конгрес ќе ги објави кандидатските листи за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори, изјави денеска лидерот на партијата, Зоран Заев.
Вели дека се водат интензивни разговори со коалиционите партнери и со граѓаните.
„Во тек се целодневни разговори со коалиционите партнери, но, пред сè, најголемо внимание посветуваме на средбите со граѓаните, кои ќе бидат дел од заедничките листи. Дотогаш не би сакал да изнесувам други детали“ – рече Заев.
Тој рече дека не би сакал да ја коментира изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека СДСМ нема потреба да бара гласови кај Албанците, но им порача на Ахмети и „на било кој власта“ да си ја тераат својата агенда.
Вели дека други детали околу Ахмети не сака да коментира.