28 Ноември, 2024
0.0324

Кога системот затајува: Не спласнува горчината за изгорените дечиња во велешко, можеше и поинаку

Објавено во: Македонија 18 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Можеше да биде и поинаку. Речиси секој од нас барем еднаш помисли дека трите дечиња кои изгореа во семејна куќа во велешко додека нивните редоители не биле дома, е само уште една потврда дека системот не функционира. Помина време, обвинителството уште истражува, Министерството носи нови реформи и нов закон според кој едно стручно лице ќе работи со едно семејство.  Ќе биде ли доволно?

ДРЖАВАТА СЕКОГАШ ТРЕБА ДА Е МАЈКА

Растргнати во обезбедување егзистенција за децата и нивните потреби, родителите не секогаш имаат време, капацитет и можности за квалитетно родителствување. Децата често се оставани сами на рана возраст, во несоодветни и опасни услови, укажуваат од првата детска амбасада Меѓаши. Бараат промени.

„Целиот систем треба да биде помобилен и поодговорен во помошта, следењето и поддршката на семејствата кои се во ризик особено ако во семејствата има деца. Ова треба да биде императив во постапувањето на сите институции со цел да се спречат ваквите немили настани во иднина“, велат за „Фактор“ од „Меѓаши“.

Од таму нагласуваат дека секогаш кога родителите ќе затаат во своите родителски обврски, независно од причините за тоа, системот е тука и треба да интервенира додека, потенцираат, ранливите категории деца задолжително треба да бидат вклучени од најрана возраст во градинки со обезбедени бенефиции од државата за да се овозможи правилен раст и развој на децата. Не смееме да дозволиме рамнодушноста да биде составен дел на нашето работење и живеење, додаваат од Меѓаши.

ДАВААТ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ И ГИ ОСТАВААТ

Семејството било корисник на социјална помош. Но доволна ли е само таа? Од Министерството за труд велат не. Тврдат дека на семејството им била доделена и еднократна парична помош, а биле вклучени и во Народна кујна. Сега се истражува дали има пропусти во работата на Центарот за социјална работа во велес. Во меѓувреме се прави и нов закон со реформа да се воведе индивидуална грижа и работа со корисниците, односно „управување со случај“ .

„Едно стручно лице ќе управува со случајот и ќе има обврска да го следи семејството. На овој начин, социјалниот работник многу подобро ќе ги знае состојбите во семејството, ќе го следи нивниот напредок но и проблемите во секојдневнието. Ова директно ќе влијае на превенција од многу потенцијални ризици и немили настани, но и ќе придонесе кон побрзо извлекување на семејствата од ризик“, велат од Министерството.

Во моментот еден стручен работник годишно има од 350-500 предмети што е апсолутно недозволиво, велат оттаму.

ИСТРАГАТА УШТЕ ТРАЕ

Основното јавно обвинителство Велес се уште ги очекува резултатите од наредените вештачења во предметот.

„Откако резултатите ќе пристигнат, ќе биде донесена мериторна јавнообвинителска одлука“, информираа кратко од ОЈО.

Семејството чии дечиња настрадаа во пожарот, живееше во куќа која се наоѓа под ридот Вршник во Велес, на тешко пристапен терен, отсечена од најблиските објекти до Велес. Трите деца биле сами во куќата кога избувнал пожарот.


Ирена Ставрова

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ГРАДОВИ ВО ВИОЛЕТОВО: Алармантно е загадувањето на воздухот

ПЕТ ГРАДОВИ ВО ВИОЛЕТОВО: Алармантно е загадувањето на воздухот

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ИЗЈАВАТА НА КОС: Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ИЗЈАВАТА НА КОС: Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи

Јаневска: Директорка на студентски дом купувала пилешко за 570 денари по килограм

Јаневска: Директорка на студентски дом купувала пилешко за 570 денари по килограм

СЛАВЕСКИ ДО ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ: Немојте да наседнувате на манипулациите на Арсовска, таа е непредвидлива

СЛАВЕСКИ ДО ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ: Немојте да наседнувате на манипулациите на Арсовска, таа е непредвидлива

„ДОГОВОРОТ ГО ПОТПИШАЛЕ РАКОВОДИТЕЛИ ОД СДСМ И ДУИ“: премиерот тврди дека платите во АЕК нема да растат

„ДОГОВОРОТ ГО ПОТПИШАЛЕ РАКОВОДИТЕЛИ ОД СДСМ И ДУИ“: премиерот тврди дека платите во АЕК нема да растат

СЕ ОГЛАСИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Власта прави брутална партизација на Советот за граѓански надзор на комуникациите

СЕ ОГЛАСИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Власта прави брутална партизација на Советот за граѓански надзор на комуникациите

ЗА МНОГУ БРЗО ЈАВНОСТА ЌЕ СЛУШНЕ ШТО СЕ ПРАВЕЛО СО БЕЗБЕДНОСНИТЕ СЛУЖБИ ЗА ВРЕМЕ НА СДСМ: Мицкоски вели ќе се срамат

ЗА МНОГУ БРЗО ЈАВНОСТА ЌЕ СЛУШНЕ ШТО СЕ ПРАВЕЛО СО БЕЗБЕДНОСНИТЕ СЛУЖБИ ЗА ВРЕМЕ НА СДСМ: Мицкоски вели ќе се срамат

ШТО САКА ДА ПОРАЧА ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ СО ПЕСНАТА „ВО БЕСТРАГА“ - дали ексградоначалникот го критикува изборот на новото раководство на неговата матична партија

ШТО САКА ДА ПОРАЧА ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ СО ПЕСНАТА „ВО БЕСТРАГА“ - дали ексградоначалникот го критикува изборот на новото раководство на неговата матична партија

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ДА СЕ ГОНИ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Левица предлага измени во Кривичниот законик

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ДА СЕ ГОНИ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Левица предлага измени во Кривичниот законик