СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ДА СЕ ГОНИ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Левица предлага измени во Кривичниот законик
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2024
Пратеничката група на Левица поднесе предлог-измена на член
130, став 5 од Кривичниот законик, со која се предлага телесната повреда при
семејно насилство да се гони по службена должност, наместо како досега, по
предлог на жртвата.
На прес-конференција, од Левица истакнаа дека постои правна колизија меѓу Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство и актуелниот Кривичен законик. Според нив, додека Законот за спречување семејно насилство го третира семејното насилство како јавно прашање што бара државна интервенција, Кривичниот законик овозможува гонeњето на телесната повреда да зависи од волјата на жртвата.
„Во правниот поредок има директна колизија помеѓу Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство и актуелниот Кривичен законик. Имено, додека Кривичниот законик телесната повреда при семејно насилство го означува како дело кое што се води по предлог, Законот за спречување семејно насилство го третира семејното насилство како јавно прашање и наложува гонење по службена должност“, изјавија од Левица.
Партијата ја нагласи важноста од измените, со цел да се обезбеди поголема заштита за жртвите.
„Праксата покажува дека најголем дел од кривичните пријави за семејно насилство се гонат токму по овој член и во голем дел од случаите, самите жртви на семејно насилство го повлекуваат предлогот за гонење на сторителот. Сметаме дека е штетна одредбата која предвидува писмена согласност од жртвата за гонење на делото телесна повреда при семејно насилство. Доколку делото телесна повреда при семејно насилство се гони по службена должност, тоа ќе ја олесни позицијата на жртвите и ќе обезбеди независна интервенција од страна на државата“, додадоа од партијата.
Оваа иницијатива доаѓа како дел од напорите за усогласување на законодавството и обезбедување на ефективна заштита за жртвите на семејно насилство. Левица повика на поддршка од пратениците за усвојување на предложените измени, кои, според нив, ќе ја зајакнат улогата на државата во справување со оваа сериозна општествена појава.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.