05 Декември, 2025
0.0313

КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА МАКЕДОНСКАТА ПЕСНА, НЕ МОЛЧАМ - Василија Петрова за Женски магазин, за музиката, корените и иднината

Објавено во: Стил 19 Мај, 2025 10:03

Добивај вести на Viber

Со само 22 години, Василија Петрова веќе е име што сѐ почесто се слуша – и тоа со причина. Родена во Ќустендил, како што самата нагласи во интервју за Женски магазин, Пиринскиот дел на Македонија, а со далечни корени од Кочани, таа е младата надеж на традиционалната македонска музика, која успева да внесе свежина, искреност и огромна љубов во секоја изведба.

Иако е на последна година студии за тренер по пливање и професор по физичко образование, музиката останува нејзината најголема пасија. 

„Енергијата што ја имам и во спортот и во музиката ми дава посебен пристап кон сè што правам, ама можам да кажам дека сум вистински посветена на традиционалната музика,“ вели Василија.

Талент наследен од мајка ѝ, граден со труд и љубов


Својата музикалност ја открила уште од најмали нозе, благодарение на мајка ѝ, која, Василија има посетувано часови по фолклор, пијано и солфеж, што ѝ помогнало не само да ја развие техниката, туку и да го изгради својот уникатен стил и препознатлива боја на гласот. 

Освен што пее, таа со огромно задоволство игра народни ора – нешто што го прави секогаш кога ќе и се укаже шанса и слободен момент, во салата на „Ансамбл Студио Фолклор“. како што самата вели, има прекрасен глас и била првата што го препознала талентот.

Од фестивалските сцени до телевизиските екрани


Василија е победник на бројни фестивали за народна музика, меѓу кои се истакнува реномираниот „Пирин Фолк – Сандански“, каде со песната „Жетварка“, дело на Спасен Сиљаноски, освои дури пет награди. Подоцна, истата песна ја однесе и на музичкото шоу „Нови и млади“, каде што го освои второто место.

Повеќе детали на Женски магазин

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: