20 Декември, 2025
0.0519

Кога веќе седите со часови, седете правилно

Објавено во: Мои пари 01 Декември, 2013 15:00

Добивај вести на Viber

Кога веќе морате осум и повеќе часа дневно да седите, тогаш барем помогнете му на вашето тело полесно да го поднесе тоа, и седете правилно. Само со правилно седење ќе ги избегнете болките и непријатните последици од долготрајното седење. Телефон Дали имате обичај да го држите телефонот со рамото наместо со раката? На тој начин премногу форсирате само една страна од вратните мускули, што може да предизвика болка. Ако веќе седите додека зборувате по телефон, користете ги рацете. Раце Рацете нека ви бидат ставени под агол од 90 степени, за да мускулите околу лактите и подлактиците да можат да се опуштат. Подесете ја висината на столицата за удобно да се сместите. Столица Сместете се во столицата така што наслонот ќе ви помага да го држите грбот исправено, а со тоа и да им дадете на грбните мускули малку одмор. Нозе  Држете ги нозете под агол од 90 степени. Доколку не можете да го допрете подот, држете ги на потпирачот на столот. Строго избегнувајте прекрстени нозе бидејќи таа положба не е добра за нозете. Монитор Важно е мониторот да биде во линија со очите. Погледот надолу може да предизвика болка во вратниот дел на ’рбетот, затоа подигнете го мониторот доколку е потребно. Тастатура и глушец Поставете ги малку подалеку од работ на масата за да можете лактите да ги потпрете на масата – на тој начин нема да вршите дополнителен притисок на вратот и рамениците. Стапала Држете ги стапалата на подот и трудете се да не ги буткате под столицата. Немојте ни да ги прекрстувате, затоа што таа поза не е добра за нервите во ’рбетот и ги напрега колковите.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии