Кои би биле фазите на уставните измени?
Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2018 09:53
Постапката за измена на Уставот е во три фази: прво, Собранието, со двотретинско мнозинство, носи одлука за пристапување кон измена на Уставот, втората е утврдување на нацрт-амандманите и за тоа е доволно просто мнозинство или 61 глас и третата е усвојување на амандманите и за тоа повторно е неопходно двотретинско мнозинство или најмалку 80 гласа.
Според Деловникот, првата фаза, која Владата ја иницираше вчера, може да трае максимум 20 работни дена – најмногу десет дена може да се дебатира во Комисијата за уставни прашања и, исто така, максимум десет дена на пленарна седница на парламентот.
Но, со оглед на тоа што Деловникот предвидува дека секој пратеник и во рамките на Комисијата и на пленарната седница може да зборува повеќепати, но не вкупно повеќе од 20 минути, со едноставна математичка операција се стигнува до заклучок дека оваа прва фаза не мора да трае 20 дена туку може да заврши, теоретски, дури и за само 4 до 5 дена.
Ако Собранието на пленарна седница со најмалку 80 гласа донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот, се преминува кон втората фаза – подготовка и утврдување на нацрт-амандманите. Деловничките рокови нормираат дека од моментот на доставување на нацрт-амандманите во Собранието до одржување на пленарната седница за нивно усвојување мора да поминат најмалку 30 дена.
Во оваа фаза, претресот за секој нацрт-амандман поединечно може да трае најмногу по три дена и во Комисијата и на пленарната седница, но повторно – бидејќи секој пратеник може да зборува вкупно не повеќе од 20 минути, и оваа фаза може теоретски да заврши побрзо од максимално дозволените рокови.
Откако парламентот со најмалку 61 глас ќе ги утврди нацрт-амандманите, тие одат на јавна дискусија, што е меѓуфаза пред третата завршна етапа од постапката за измена на Уставот.
По јавната дискусија, чие времетраење го утврдува Собранието при усвојување на нацрт-амандманите, Владата ќе треба да ги изготви предлог-амандманите. И повторно, од моментот на доставување на предлог-амандманите во Собранието до одржувањето на пленарната седница за нивно усвојување мора да поминат најмалку 30 дена.
Деловникот предвидува точни рокови за претрес во законодавно-правната и комисијата за уставни прашања, како и на пленарната седница. Конечната одлука за усвојување на амандманите се носи со најмалку 80 гласа, а за амандманот на преамбулата освен двотретинско, е потребно и Бадентерово мнозинство.
Ако постапката се одвива според најкусите можни рокови, за финализирање на трите фази ќе требаат најмалку три и пол месеци, што значи дека во идеални услови, уставните измени би биле усвоени кон средината на јануари.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




