19 Декември, 2025
0.0360

Кои држави ќе бидат најпогодени од „Grexit“?!

Објавено во: Балкан, Економија 28 Јуни, 2015 10:27

Добивај вести на Viber

Стравувањата на зараза од Grexit (излегување на Грција од еврозоната) се фокусирани на монетарната унија, но слично негативен развој исто така може да ги загрози поранешните комунистички земји кои граничат со Медитеранот.

Изразувајќи загриженост за иднината на Грција во еврозоната, експертите од Capital Economics посочија претходно оваа недела дека т.н. гранични пазари (држави, кои се премногу мали од економска гледна точка, за да бидат дел од традиционалните пазари во развој), граничат со земјата на север и се изложени на ризик, пишува CNBC.

"Зголемената опасност од излегување на Грција од еврозоната фрла сенка врз изгледите за европските гранични пазари", велат аналитичарите Џон Ашборн, Герет Ледр и Џејсон Тувеи во извештајот на Capital Economics.

Бугарија и Србија, кои немаат заедничка граница со Грција, беа прогласени за најранливите гранични пазари при реализација на Grexit, особено ако тоа доведе до финансиски стрес во целата еврозона. Веднаш по нив е рангирана Романија.

Месеците на преговори меѓу Грција и нејзините кредитори не успеаја да доведат до договор за реформи во замена за финансиска поддршка, што стана и причината Grexit да е разгледуван од пазарите како се повеќе веројатна опција.

"Точно е дека реакцијата на финансиските пазари досега е пригушена. Проблемите во Грција претставуваат закана за други места во светот. Дури и така, сепак, стравувањата се достапни", велат авторите на извештајот.

Грција се приклучи кон Европската унија (ЕУ) во 1981 година, непосредно пред Португалија и Шпанија, и е една од основачите на еврозоната. Иако медитеранската земја не е дел од "јадрото" на ЕУ во Западна Европа, нејзината клучна локација ја прави важен субјект за Стариот континент во геополитички план.

Претходно овој месец Capital Economics предупреди дека Источна Европа е ранлива, ако проблемите во Грција доведат до финансиски стрес, и слаб раст во остатокот од еврозоната. Аналитичарите истакнаа дека извозот на источноевропските земји кон валутниот блок е еквивалентен на меѓу 15% и 50% од бруто домашниот производ.

"Со оглед на длабочината на овие трговски врски, не е изненадувачки дека динамиката на извозот од Источна Европа е во согласност со растот во еврозоната", вели независната истражувачка фирма во својот извештај "растечка Европа".

Освен тоа банкарски филијали во Македонија, Романија и Бугарија ги задржуваат директните финансиски врски со Грција, како и остатокот од еврозоната.

Грчките банки сочинуваат околу 20 отсто од македонскиот банкарски сектор според податоци на Standard Bank. Еден од најголемите кредитори во земјата - "Стопанска банка", е во сопственост на грчката финансиска група NBG.

"Веројатноста за сценарио во кое Грција излегува од еврозоната, ќе голема и ќе влијае на цела Источна Европа", истакнуваат уште од Capital Economics.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен