28 Септември, 2024
0.0256

Кои се македонски кралеви на обувките? Продадоа патики и чевли за 58 милиони евра!

Објавено во: Економија 29 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Шест компании чија претежна или исклучива дејност е продажба на обувки лани направија агегатен приход од 58 милиони евра. Ова е значаен дел од целата продажба на патики, чевли и други обувки во Македонија. Голем бизнис за земја со помалку од 1,8 милиони жители...!

Колку трошиме за чевли годишно? Прашање на кое никој не може да го даде точниот одговор. Чевли, патики, потпетици.... потреба, моден детал, статусен симбол, а за многумина моден фетиш. Во земјава има повеќе лани на малопродажни места специјализирани за обувки предмети изработени од кожа (поконкретно ташни, каиши и други аксесоари). Од нив дури седум компании лани оствариле приходи кои надминуваат еден милион евра.

Познатиот спортски бренд Спорт Висион е убедливо компанија со најголемо пазарно учество во сегментот на трговија на мало со обувки во специјализирани продавници. Скопската компанија, која е во сопственост на „Спорт Висион ДОО“ од Бјелина, Репубика Српска лани оставрила приход од 27,5 милиони евра. Ова друштво на нашиот пазар е убедливо и најуспешната компанија. Нејзината добивка лани изнесува 3,1 милиони евра.

Најголем конкурент на „Спорт Висион“ во земјава е „Спорт М“ ланец на продавници за спортска опрема со седиште во Скопје. Лани ова друштво кое вработува речиси 200 лица остварило приход од продажба вреден над 14 милиони евра, а добивка од половина милион евра.

Прочуениот „Пеко“ е на трето место по остварените продажби во конкуренција на најголемите седум компании од оваа дејност. Инаку е најголема компанија специјализирана за продажба на обувки во Македонија. Фирмата лани остварила приход од 5,8 милиони евра. Добивката лани изнесува 193.000 евра. „Пеко“ лани вработувал 60 лица.

Во конкуренција на најголеми продавачи на чевли и патики е Делта Спорт подружница на српската фирма „ЃАК Белград“ со приход од 5 милиони евра што е за 18 отсто подобар резултат од претходната година. Добивката на друштвото е 390.000 евра. Друштвото во Македонија вработува 64 лица.

„Скатер КМ“ е компанијата која работи под пазарниот бренд „Офис шуз“и продава бројни светски трговски марки чевли. Приходот што го оствариле нејзините 32 враотени изнесува 3,9 милиони евра. Добивката лани изнесува 463.000 евра.

„Фади и Мат“ е скопска фирма чии сопственици се Фаредин Исмаили и Хајредин Исмаиљи. На нашиот пазар се познати како продавачи на брендовите „Мат стар“.Нивната компанија остварила приход од 1,7 милиони евра и добивка од 132.000 евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија