Кои се Могерини и Туск – новите фронтмени на ЕУ?
Објавено во: Свет 31 Август, 2014 12:22
Роден е во 1957 година во Гдањск, а по професија е историчар. Според етничко потекло е Кашуб. Кашубите се мал словенски народ кој живее во полската покраина Померанија, од кои најголем дел се идентификуваат со Полјаците.
Основач е и претседател на партијата Граѓанска платформа, која важи за политичка организација од десниот центар. Важи за либерален политичар, но со конзервативни ставови за одредени прашања. Туск се смета за човек од доверба и личен пријател на германската канцеларка Ангела Меркел.
Оженет е и татко на две деца.
Во последните месеци често се огласува со реакции за случувањата во соседна Украина, при што редовно ја зазема страната на властите во Киев и ја критикува Москва за вмешување во украинската криза. Најголема забелешка на негова адреса е слабото познавање на странски јазици.
Шефицата на италијанската дипломатија Федерика Могерини ќе биде новата висока претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ.
Пред само половина година таа беше избрана за министерка за надворешни работи во Владата на пртемиерот Матео Ренци. Претходно извршувала различни партиски функции во Демократската партија на Италија, била претседавач со италијанската делегација во Парламентарното собрание на НАТО и член на делегацијата во Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Родена е во Рим во 1973 година и мајка е на две ќерки. Била стипендист на Маршаловиот фонд, а по образование е дипломиран политиколог.
Италија не се откажа од нејзината номинација за високата европска функција, иако на претходниот самит на 1 јули таа не ја доби поддршката од земјите-членки на ЕУ заради нејзиното слабо политичко искуство, но и заради нејзината наводна наклонетост кон Русија. Противниците и забележуваа за преголема попустливост кон Москва, а особено за нејзината изјава дека гасоводот Јужен тек ќе биде изграден.
За нејзиниот избор интензивно лобираше италијанскиот премиер Ренци, кој во последниот месец успеа да ги убеди скептичните колеги дека Могерини е вистинската личност за оваа функција. Притоа, особено важна беше поддршката од францускиот претседател Франсоа Оланд.
Можеби ќе ве интересира
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“




