09 Октомври, 2024
0.0279

КОИ СЕ НАЈБОГАТИТЕ ГЕРМАНЦИ: Основачот на Лидл ги трие рацете, на второ место е на листата

Објавено во: Економија, Свет 18 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Portal Manager-Magazin ја објави листата на 500 најбогати Германци.

Станува збор за луѓе чие вкупно богатство во текот на оваа година се зголемило за 82 милијарди евра и и покрај кризата достигна сума од 1.100 милијарди евра.

Најбогати акционери во BMW се Сузан Клатен и Стефан Кванд, кои имаат богатство од 40,5 милијарди евра. Вториот најбогат човек е основачот на Лидл, Дитер Шварц, кој има богатство од 39,5 милијарди евра. На трето место е семејството Мерк, кое е основач на истоимената фармацевтска компанија, а кое има богатство од 32 милијарди евра.

Меѓу десетте најбогати Германци е и Бенџамин Ото, чие семејство е основач на истоимениот холдинг, кој се состои од 40 компании за малопродажба и финансиски услуги. Тука е и шефот на одборот на акционери на Хенкел и косопственик на синџирот супермаркети Алди, Симон Багел-Трач.

Менаџер-Магазин како причина за целокупното зголемување на имотот на 500-те најбогати Германци ги наведе инфлацијата и растот на берзанскиот индекс DAX за 40-те најголеми германски компании кои котираат на берзата во Франкфурт, пишува Klix.

Меѓу 500-те најбогати се 226 со имот вреден над една милијарда евра, што е најголема бројка од 2001 година, кога почна да се објавува листата на најбогати Германци. Покрај тоа, оваа година има 14 милијардери повеќе од лани.


Можеби ќе ве интересира

„Фер пазар за влез на нови странски инвестиции во обновливи енергетски капацитети“: Божиновска од конференција за чиста енергија

„Фер пазар за влез на нови странски инвестиции во обновливи енергетски капацитети“: Божиновска од конференција за чиста енергија

НОВИОТ ЕЛЕКТРИЧЕН ФОЛКСВАГЕН ЌЕ ЧИНИ 20 ИЛЈАДИ ЕВРА - позната фабрика има план за продажба на најновиот модел

НОВИОТ ЕЛЕКТРИЧЕН ФОЛКСВАГЕН ЌЕ ЧИНИ 20 ИЛЈАДИ ЕВРА - позната фабрика има план за продажба на најновиот модел

АКО НЕ СТЕ ПЛАТИЛЕ ДАНОК НА ИМОТ И ФИРМАРИНА, ГРАДОТ ЌЕ ВИ ЈА БЛОКИРА СМЕТКАТА: Градските власти излегоа со соопштение

АКО НЕ СТЕ ПЛАТИЛЕ ДАНОК НА ИМОТ И ФИРМАРИНА, ГРАДОТ ЌЕ ВИ ЈА БЛОКИРА СМЕТКАТА: Градските власти излегоа со соопштение

Димитриеска-Кочоска: Комерцијалните банки нема да земаат провизија за администрирање на унгарскиот заем

Димитриеска-Кочоска: Комерцијалните банки нема да земаат провизија за администрирање на унгарскиот заем

ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР НА ФАРМАЦЕВТСКА КОМПАНИЈА ДОЈДЕ ДО 350 АКЦИИ - Коста Котески го зголемува акционерскиот пакет во „Реплек“

ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР НА ФАРМАЦЕВТСКА КОМПАНИЈА ДОЈДЕ ДО 350 АКЦИИ - Коста Котески го зголемува акционерскиот пакет во „Реплек“

Енергетичар од Унгарија стана сопственик на најтрофејниот фудбалски клуб Вардар

Енергетичар од Унгарија стана сопственик на најтрофејниот фудбалски клуб Вардар

ИНТЕРВЈУ САШКО ДАЕВ: Нашите граѓани препознаваат квалитет, иновативност и стручност, затоа РЕХАУ Македонија ќе продолжи да расте

ИНТЕРВЈУ САШКО ДАЕВ: Нашите граѓани препознаваат квалитет, иновативност и стручност, затоа РЕХАУ Македонија ќе продолжи да расте

„Бехтел и Енка“ добил само еден аванс досега од државата

„Бехтел и Енка“ добил само еден аванс досега од државата

ПОВЕЌЕ ГРАДИНКИ И ПОМАЛКУ ПРЕДРАСУДИ – еве зошто жените помалку работат, од „домашни обврски“ остануваат без стаж

ПОВЕЌЕ ГРАДИНКИ И ПОМАЛКУ ПРЕДРАСУДИ – еве зошто жените помалку работат, од „домашни обврски“ остануваат без стаж