05 Декември, 2025
0.0641

КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ФИНАНСИСКИ ДОБИТНИЦИ ЗА МИНАТАТА ГОДИНА - инвеститорите што вложиле во овие акции имаат причини да слават

Објавено во: Финансии 17 Јануари, 2025 12:45

Добивај вести на Viber

Берзата го објави својот годишен Билтен за минатата година, а од него, меѓу другото, може да се види кои акции доживеале најголем раст во периодот јануари-декември 2024 година, а чија вредност најмногу се намалила. 

Првите три се трите најголеми банки во земјава.

Лидер според најголем раст на акцијата за минатата година е Стопанска банка Скопје, чии годишен раст на цената на акцијата изнесува 125,64 проценти. Или, ако на почетокот на минатата година акцијата на Стопанска банка Скопје на Берзата се продавала по цена од 1.318 денари, додека, пак, на крајот на годината таа акција достигнала цена од 2.973 денари. 

Втора акција по најголем раст за минатата година е акцијата на Комерцијална банка, чии раст за 2024 година бил за 99,91 отсто. Односно, акцијата на Комерцијална банка акцијата ја стартувала со 14.227 денари, додека, пак, на крајот на годината цената на таа акција беше над 28.440 денари, што значи раст од близу 100 отсто. А, како што пишуваше Фактор, веќе деновиве цената на акцијката на комерцијална банка ја проби и психолошката граница од 30 илјади денари.

Уште една банка „растура“ според растот на цената на нејзините акции, а тоа е НЛБ Банка. И таа банка минатата година доживеала пораст на цената на нејзините акции за нешто над 90 отсто, односно ако на стартот нба ланската година цената на таа акција беше 29.539 денари за акција, на крајот на годината вредноста се искачи до 56.162 денари.

Четврта според раст на цената е „Реплек“, која стартувала со 9.300 денари, а завршила со 16.598 денари за акција, што е зголемување за една година за 78,5 отсто. Во овој случај само треба да се има предвид дека цената од 9.300 денари што е дадена за акцијата на Реплек е прилагодена, со оглед што таа компанија направи сплит на акциите, односно ги подели во сооднос 1 спрема 10, со цел да привлече повеќе инвеститори, а што се покажа и како целосно успешно. 

И, на петто место според најголем пораст на цената на акциите не акцијата на „Македонијатурист“, околу која се водеше голема битка за превласт во нејзината сопственичка структура. Цената за нејзините акции се зголемила за 77 отсто, односно ако била 4.774 денари на почетокот на годината, на крајот на годината достигнала 8.450 денари.

Ова значи дека оние што решиле да ги купат токму овие акции на почетокот на минатата година, се всушност најголемите добитници, бидејќи ако ги продале на крајот, оствариле многу големи капитални добивки. И ќе остварат уште поголеми доколку одлучат да ги чуваат, бидејќи прогнозите се дека цените би можеле и натаму да се зголемуваат.

Додека, пак, лани најмногу паднала цената на акцијата на компанијата „Либерти“, за 65,2 отсто, односно од 46 на 16 денари, а тој пад се должи на слабите резултати на таа компанија и големите загуби во последниве години.

Н.Н.Ф.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката