Кои се привилегиите кои ги уживаат жителите на Обединетите Арапски Емирати?
Објавено во: Свет 28 Ноември, 2022
Многу привилегии имаат жителите на Обединетите Арапски Емирати. Тие не плаќаат данок на приход, без разлика колку пари заработуваат. Тие со пасошот кој е 17-ти најмоќен во светот, можат да патуваат без виза во 174 држави.
ОАЕ се федерација од седум емирати: Абу Даби, Дубаи, Шарџа, Рас ел Хајма, Аџман, Ум ел Кајван и Фуџејра. Имаат бесплатно здравство, бесплатно сместување, бесплатно образование. Туристите и луѓето кои живеат во Обединетите Арапски Емирати без државјанство можеби ќе треба да платат многу висока цена за посета на лекар, жителите на земјата имаат бесплатно здрвство. Доколку жителите исполнуваат одредени услови, можат да добијат дом од државата. Некои добиваат и грантови или делумна финансиска помош за да си купат свој дом. Кога ќе почине жител на оваа земја, владата финансира подигање на шатор покрај домот на жителот, каде што семејството и саканите можат да го одржат погребот. Оваа земја високо котира и на сите листи на најбогати држави во светот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.