КОИ СЕ ТОП ПЕТ НАЈДОБРО ПЛАТЕНИ ВРАБОТЕНИ - за програмерите нема криза, стигнаа до 1.100 евра
Објавено во: Финансии 21 Ноември, 2020
Државниот завод за статистика ја објави платата за септември, која тежи 27.405 денари, и која за изненадување, во време на криза, во однос на претходниот месец, август, покажува само мал пад од 0,5 отсто, додека, пак, во однос на септември минатата година се зголемила за 7,7 проценти.
А кој земал највисока плата во септември годинава, што ќе рече, кои се топ пет дејностите кои ни криза, ни корона не ги бие.
Први на листата се комјутерџиите и консултантите. Или, просечната исплатена нето плата во септември во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности била на ниво од 67.216, што е 1.092 евра, или практично се доближува до 1.110 евра.
Она што е интересно е што кај комјутерското програмирање платата во септември пораснала во однос на август, за 1,2 отсто.
Втори на листата, иако далеку послаби од програмерите, се вработените во воздухопловниот транспорт, кои во септември просечно земале 48.349 денари, и каде во однос на претходниот месец има огромен раст, од дури 14,5 отсто.
Трета на листата по високи плати за своите вработени е дејноста производство на основни
фармацевтски производи и
фармацевтски препарати, каде просечната плата е 45.799. А малку зачудувачки тука е што во однос на претходниот месец просечната плата се намалила за 0,7 отсто, што не би се очекувало да биде случај во време на корона пандемија, кога се бара лек повеќе за заболените пациенти.
На четврто место се финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови, со просечна плата од 43.113, што доволно говори дека за банкарите всушност и никогаш нема криза.
А на петтото место овој пат избиле складирање и помошни дејности во превозот, со плата од 40.515, со што всушност се пред вработените во телекомуникациите, чија плата е само нешто пониска - 40.485 денари.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.