Кои телевии имаат балансирани, а кои пропагандистички вести?
Објавено во: Македонија 25 Март, 2017 11:23
Надзорот на телевизиските вести спроведен од септември 2016 до февруари 2017 година покажа дека во медиумскиот простор постојат четири комерцијални телевизии кои можат да се наречат пропагандистички, е заклучокот од вчерашната конференција организирана од страна на Институтот за комуникациски студии (ИКС) – пренесува Мета.
– Станува збор за телевизиите „Сител“, „Канал 5“, „Алфа“ и „ТВ Нова“, чии вести во целиот период на надгледување биле помалку или повеќе фаворизирачки кон партијата ВМРО-ДПМНЕ, а со негативен или често демонизирачки став кон политиките на опозицискиот СДСМ – рече Игор Мицевски, презентирајќи ги заклучоците од надзорот спроведен во рамките на проектот МОДЕМ, поддржан од Холандската амбасада.
Наспроти ова, во вестите на телевизиите „24 Вести“, „Телма“, „Алсат М“ и „ТВ 21“, од кои последните две емитуваат двојазично, надзорот покажал дека постои избалансираност, незаземање страна, почитување на јавниот интерес или дека критичката опсервација кон едната или другата партија биле сеопфатно аргументирани, со изнесување на повеќе страни.
Амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Ваутер Пломп, изразувајќи задоволството од проектот, изјави дека јавноста мора да е свесна за големиот импакт на медиумите, вклучувајќи ги и социјалните, особено во ширењето говор на омраза и навредлив говор.
Според Пломп, таквиот тип на говор не е она што се нарекува постоење на плурализам во медиумите и слобода на изразување.
На конференцијата свои излагања имаа и Марина Тунева од Советот за етика во медиумите во Македонија, Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата за медиуми, Жан Франсоа Фурнемон, експерт за медиумска политика, како и новинарите Санта Аргирова и Шќељзен Акифи, а дебатата ја водеше, Снежана Трпевска, истражувач од ИКС.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




