Koи земји сакаат да ја видат Македонија во ЕУ?
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2025 16:31
Скоро половина од испитаниците од земјите членки на Европската Унија, односно 48 проценти, се за Македонија да влезе во Унијата штом ќе ги исполни условите, покажува најновиот извештај од „Евробарометар“ за февруари-март 2025, објавен месецов. Меѓу нив, еден од десетмина изразува силна поддршка (10 отсто), додека нешто помалку од две лица од пет се прилично за влез на земјава во ЕУ (38 отсто).
Анализата на национално ниво покажува дека во 18 земји членки најмалку 50 отсто од испитаниците се за Македонија да влезе во Унијата.
Најголема поддршка за ваков чекор има во Шведска, каде што „за“ се 78 отсто од испитаниците, по што следуваат Словенија со 71 отсто и Хрватска со 69 отсто.

Истовремено, најмала поддршка, очекувано, е забележана во Бугарија (32 отсто), Австрија (34 отсто) и Франција (36 отсто). Најголем процент на испитаници што се против влез на Македонија во ЕУ е забележан во Австрија (60 отсто), Грција (59 отсто) и Бугарија (58 отсто).foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




