04 Мај, 2024
0.0405

Кој ајвар е поевтин, купен од продавница или приготвен дома?

Објавено во: Агробизнис 12 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Сезоната за годиншената зимница е при крај, желба и рецепти има, но семејниот буџет на граѓаните е се поистенчен. Математиката на секое семејство е  различна- дел од граѓаните подготвуваат зимница исто како и минатите години, дел помалку, а некои пак зимата ќе ја поминат без традиционалниот ајвар, лутеница, слатко и туршија. Во такви услови се прават и математики, што е поисплатливо? Да се купи од продавница или да се прави? Граѓаните велат дека цените на главните производи за зимница не се многу променети во однос на минатата година, но проблемот е што платите не ги следат цените. - Традицијата не ја прекршуваме, и годинава какои лани направивме зимница. Цените се тие, ама платите стојат во место, велат некои од оние што ги прашавме. Овој октомври, дел од цените на зеленчукот се повисоки, некои се исти, а дел и се намалени. Еве како се движат цените.
За дел од граѓаните ваквите цени на зеленчукот, се причина оваа зима да ја истуркаат без зиминца или да подготват помалку од вообаченото. - Најверојатно нема да правиме зимница, оваа година ќе поменеме без ајвар. И ако се одлучам да подготвам нешто, тоа ќе биде во минимални количини. Претходниот месец се истрошивме за новата учебна година,  коментира еден Скопјанец. Промените се видливи и по тезгите на пазарите. Иако се преполни со производи кои мамат со изгледот, сепак пазарџиите велат дека беспарицата се чувствува, прометот е намален, а луѓето по пазарите повеќе разгледуваат отколку што купуваат. - Цените не се многу променети, еве доматот е со пониска цена од лани, но не се продава. Зголемена е само цената на црвената пиперката, а и таа веќе ќе се намали. Но залудно, прометот е намален. Луѓето немаат пари, не прават зимници како други години кога се барало килограм повеќе домат или пиперка, коментираат пазарџиите. Пресметките покажуваат дека подготовката на минимум 20 тегли ајвар за што е потребно 60 килограми црвени пиперки, модар домат и зејтин, чини близу 2.500 денари. Некои од домаќинките пресметале дека поевтино ќе ги чини доколку купат готов ајвар од маркет. Дома приготвен, една тегла чини околу 115 денари, од продавница во зависност од тоа дали комплетно или половина печен, цените се движат од 70 денари до 180 денари за  тегла од 750 грама. - Разликата не е голема, но ако пресметам дека ке потрошам струја, или пак дрва, два дена ќе изгубам сигурно во подготовката, тогаш подобро ќе си купам од продавница кога ќе сакам да јадам, велат дел од граѓаните. Од друга страна негативниот тренд на трошоците на живот продолжува. Според последните податоците од Државниот завод за статистика во септемрви споредено со истиот перидо лани, трошоците на живот пораснале за 1,6 проценти. Порастот на трошоците на живот доаѓа како резултат на високите цени на земјоделските и прехрамбените производи. Според статистиката, цените на мало во септември споредено со лани истиот период пораснале за 0,7 проценти. Најголемо зголемување е регистрирано кај земјоделските производи за 2,7 отсто, за 2 проценти се зголемиле цените на прехрамбените производи,1,7 проценти индустриско-прехрамбените производи и 3,8 пијалоците. Како растат цените така синдикалната потрошувачка кошница станува се поскапа. Податоците покажуваат дека минатиот месец поторшувачката кошница изнесувала 32.143 денари, а просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули годинава изнесува 21.013 денари. Најмногу пари, околу 13.500 денари во септември како и претходните месеци, граѓаните потрошиле за  храна и пијалоци. Ј.С  

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?