29 Март, 2024
0.0789

Кој е кој во бизнисот со продажба на бела техника во земјава

Објавено во: Анализа 16 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Четири најголеми трговски ланци за малопродажба на електронски уреди и бела техника лани имаат кумулативен приход од продажба што надминува 102 милиони евра. Сите од нив оствариле профит од работењето. Најголем е „Нептун“ кој направил повеќе од половина од целиот приход

Најголемите македонски ланци за продажба на електронски апарати и бела техника годишно прават промет што надминува 100 милиони евра во малопродажба, покажуваат официјалните податоци на Централниот регистар на Македонија (ЦРМ) за ланците: „Нептун“, „Сетек“, „АМЦ“ и „Техномаркет“. 
Заради тоа што техничките стоки што ги купуваме речиси во целост се од увоз може да се каже дека овие четири компании го стимулираат увозот со стотина милиони евра годишно, покажуваат официјалните податоци за 2016 година и за 2017 година.

Кој продава најмногу?

„Нептун“ прави убедливо најголем промет во споредба со својата конкуренција. Оваа компанија лани направила вкупен приход од 53,54 милиони евра и има прад на прометот од 10 милиони евра во споредба со 2016 година. Компанијата лани имаше профит од 2,54 милиони евра и тоа е најголем профит во споредба со комнуренцијата. Но важно е да се истакне дека профитот на „Нептун“ лани во споредба со 2016 година е преполовен. Воедно соодносот на профит и вкупен приход е подобар кај „Сетек“ во споредба со „Нептун“. Оваа компанија лани имала 379 вработени и нивниот број е за 23 лица поголем од 2016 година.

„Сетек“ е втор по големина според остварениот промет лани. Приходот од продажба изнесува 27,85 милиони евра и во однос на 2016 година е поголем за 8,5 милиони евра и по тој параметар е најуспешен во споредба со конкуренцијата. „Сетек“ го дуплирал и профитот во споредба со лани и тој достигна 1,37 милиони евра. „Сетек“ е втор по големина и според бројот на ангажирани вработени. Лани имал 266 вработени и бројот е зголемен за 66 лица во споредба со 2016 година.

На трето место е „АМЦ“ со приход од 14 милиони евра. Неговиот приход бележи пад од 2 милиони евра во споредба со 2016 година. Лани компанијата ја завршила со добивка од 7.000 евра и тоа е најмала добивка во споредба со конкуренцијата. Оваа компанија има неверојатно голем пад на профитот во споредба со лани кога добивката изнесувала четврт милион евра односно 247.600 евра. Компанијата лани вработувала 120 лица и нема промени во однос на 2016 година.

Најмал играч, а еден од најстарите, на пазарот е „Техномаркет“. Лани неговиот приход од продажба е 7,7 милиони евра и бележи зголемивање за половина милион евра во споредба со 2016 година. Профитот за лани изнесува 16.000 евра и тоа е неспоредливо подобар резултат од 2016 година кога компанијата завршила со загуба од 373.650 евра. „Техномаркет“ лани имал 127 вработени

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот