Кој е Костадин Костадинов? Влезе на мала врата во Собранието, а стана најистакнат во СДСМ
Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2018 17:01
Младиот струмичанец Костадин Костадинов за една година успеа да се пробие од пратеник кој влезе на мала врата во Собранието до најекспониран народен избраник од редовите на СДСМ по доделувањето на обврската да биде портпарол на партијата.
Костадинов не стана пратеник со редовните парламентарни избори во декември 2016-та, туку требаше да чека до првиот круг од локалните избори есента 2017-та. Тогаш неколку пратеници станаа градоначалници и се ослободи простор за група од петтемина кои чекаа следни на листата, меѓу кои беше и Костадинов. Во прилог на тоа одеше и тоа што изминатата пролет по половина година премиерот Зоран Заев конечно доби мандат да состави Влада и неколку пратеници преминаа во извршната власт.
До скоро беше претседател на Локалниот клуб на струмичките социјалдемократи. Девет години по ред беше дел од раководството на ЛК СДММ.
Во последно време редовно даваше изјави за медиумите, по што можеше да се заклучи дека ќе му следува и функцијата портпарол. Често е на собраниската говорница, гостува во телевизиски емисии и држи прес-конференции.
Постојано ја критикува опозицијата, а пред се Христијан Мицкоски, Никола Груевски и Ѓорѓе Иванов. Пред еден месец имаше и „портпаролски дуел“ со Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ. Откако Стоилковски „му упадна“ со прашања за време на еден брифинг со новинарите, дебатата се пресели во студиото на Канал 5 во емисијата „Само Вистина“.
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




