15 Декември, 2025
0.0479

Кој е најголемиот бизнис во Македонија? Вреди 2 милијарди евра за 11 месеци!

Објавено во: Економија 24 Јануари, 2023 15:23

Добивај вести на Viber

Речиси половина од целиот трговски дефицит на Македонија го креира увозот на фосилни горива! Вредноста на увозот на дизел, бензин, мазут, керозин создава речиси половина од целиот трговски дефицит на Македонија. Еден предизвик за домашните макроеномисти! Колкав сојузник на девизниот курс на нашиот денар би била електрификација на македонскиот возен пар? За ефектите врз животната средина и да не зборуваме оти тоа ќе бидат гратис за сите нас!

Увозот на горива достигна вредност од речиси две милијарди евра за 11 месеци, покажуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика за периодот јануари-ноември 2022 година.

Овој податок покажува дека увозот на фосилни горива (бензини, дизел, керозим, мазут и мазива) е убедливо најголем генератор на кусокот во трговската размена со светот.

Фактите покажуваат дека вкупниот увоз за 11 месеци од Македонија изнел 1,97 милијарди евра. Од тоа како реекспорт од земјава се извезени горива вредни 329,2 милиони евра. Тоа значи дека реално увозот на фосилни горива вреди 1,4 милијарди евра за 11 месеци. Или просечно месечно нашиот увоз на деривати вреди 149 милиони евра.

Во споредба со истиот период лани вредноста на увозот на горива е зголемена за 1,1 милијарди евра. Оваа разлика е последица на изразените растови на цените дериватите и на суровата нафта на светските пазари.

Трговскиот дефицит на македонската економија за 11 месеци изнесува 3,4 милијарди евра што значи дека речиси 50 отсто или половината од нашиот трговски дефицит за овој период го сочинува увозот на фосилни горива (од калкулацијата е исклучен реекспортот).

 Овој генератор на трговски дефицит во континуитет покажува дека вреди да се анализира и студиозно да се пристапи за поволностите што може да ги даде масовна и среднорочна државна поддршка на менување на македонскиот возен парк што подразбира барем патничките возила на моторен погон да ги заменуваме со електромобили.

Ефектите по животната средина ќе бидат гратис за сите нас!

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност