29 Април, 2024
0.0286

Кој е вистинскиот победник на изборите?

Објавено во: Македонија 26 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Во Теарце победи СДСМ, но резултатот на ниво на целата држава остана непроменет. ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу мандати, 51 пратеничко место, но сега ќе следи период на мачни преговори и договори за да формира влада.

Според изборните рокови, најдоцна до 31 декември треба да се одржи конститутивната седница за избор на новиот состав на Собранието. Потоа, на 9 јануари, претседателот Ѓорѓе Иванов треба да му го даде мандатот за формирање влада на кандидатот на партијата која има мнозинство освоени гласови.

Откако мандаторот ќе го предложи составот на новата влада и ќе покаже дека има мнозинство, на 16 февруари во Собранието треба да се гласа новата влада, за која треба да гласаат мнозинство од вкупниот број присутни пратеници.

Во Теарце пресврт на резултатот, но недоволен за промени

Државната изборна комисија на полноќ ги соопшти првичните резултати од прегласувањето на избирачкото место 2011 во Теарце, според кои, нема промена во освоените пратенички мандати во шестата изборна единица.

Како што информира на прес-конференцијата претседателот на ДИК Александар Чичаковски бројот на пратенички мандати на предвремените парламентарни избори останува ист, ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеник, СДСМ 49, ДУИ 10, БЕСА 5, Алијансата за Албанците 3 и ДПА 2.

Чичаковски соопшти дека доколку нема приговори за прегласувањето сите избрани пратеници до 28 декември ќе ги добијат уверенијата.

 „ДИК за изборните единции каде што резултатите од изборите се конечни ќе ги издаде уверенијата најдоцна до среда, на 28 декември. Евентуално ако немаме приговори и во однос на прегласувањето на истиот ден ќе бидат издадени и уверенијата за ИЕ 6, освен за двата пратеника за кои влијае распределбата на мандатите доколку има приговор за нив“, рече  претседателот на ДИК.

ДИК 24 часа од завршувањето на повтореното гласање, односно вечерва до 19 часот, треба да излезе со официјалните резултати. Партиите имаат право на приговори до ДИК во рок од 48 часа по објавувањето на првичнитерезултати.

Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба и до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

На прегласувањето на избирачкото место 2011 во Теарце од запишани 714 гласачи во Избирачкиот список гласале 402, односно излезеноста е 56,30 проценти. Според податоците на Државната изборна комисија, за Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гласале 149 граѓани, за СДСМ и Коалицијата 245, ДУИ, ДПА и Алијансата за Албанците освоиле по 1 глас, а ВМРО за Македонија 2 гласа. Коалиција за промени и правда, БЕСА и ПДП не освоиле ниту еден глас.

ДИК донесе одлука да се повтори гласањето во Теарце врз основа на симулацијата со која се покажа дека прегласувањето може да влијае на бројот на освоени мандати и врз основа на одлуката на Управниот суд да ја прифати тужбата на Коалицијата предводена од СДСМ и да донесе решение за поништување на гласањето на ова избирачко место.

Сите се победници

ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на гласањето излезе со соопштение во кое наведе дека за нив изборите завршиле на 11 декември и дека остануваат посветени на идните чекори околу формирање нова влада.

„Денес, и ние како и целата јавност дознавме, дека и покрај сите напори, теарчани го спречиле обидот за постизборен инжинеринг. Им честитаме за тоа“, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Носителот на кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата во ИЕ 6 Петре Шилегов изјави дека граѓаните на Теарце излегле храбро, достоинствено и кажаа дека е доста и дека ќе ја послушаат пораката што ја испратиле.

„Таа е иста како што ја испратија останатите граѓаните во РМ, а тоа е дека ќе има одговорна влада што ќе воведе демократски промени во државата. Во Македонија ќе има ново владино мнозинство“, рече Шилегов.

Шилегов уште додаде дека гласањето во Теарце било симболично и не влијаелона тоа кој ќе ја состави владата. Неа, рече Шилегов, ќе ја предводи СДСМ.

Гласањето во Теарце се одвиваше мирно и без проблеми. Околу 9 часот имаше петнаесетминутен прекин поради проблеми со УВ-ламбите, но беа заменети и гласањето продолжи.

На гласачкото место беа набљудувачи од политички партии и од невладини организации, а имаше и присуство на припадници на полицијата.

Оставки или нови позиции

Пред прегласувањето во Теарце Мендух Тачинајави оставка од лидерската позиција на ДПА, а Заев и Села заминуваат од градоначалничките места. Во овие прегрупирања очигледно е дека меѓу политичките актери веќе течат разговори за идната влада.

ДПА на изборите освои два мандати, за разлика од седумте пратенички места што ги имаше досега, а партијата на Зијадин Села кој основаше нова партија, Движење за реформи-ДПА, како дел од Алијансата за Албанците освои три пратеници.

На седница на Советот на општина Струмица и Зоран Заев најави дека се повлекува од функцијата градоначалник „поради заминување на друга функција“. Тој за заменик рече дека го именува советникот Костадин Костадинов, кој ќе ја извршува работата до поставувањето на вршител на должност градоначалник на Општина Струмица до изборите.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање