Кој европски град е прогласен за најсреќна дестинација за одмор?
Објавено во: Свет 19 Септември, 2025 18:51
Европски град e прогласен за најсреќна дестинација за одмор во светот.
Лисабон, португалската престолнина, се најде на врвот на новиот „Индекс на среќа на одмор“.
Туристичката агенција BookRetreats создаде студија наречена „Индекс на среќа на одмор“. Таа ги рангира дестинациите за одмор врз основа на пет различни критериуми: количината на сончева светлина, квалитетот на спиењето, здравата исхрана во регионот, колку време можете да поминете во природа и можностите за вежбање.
Вкупно 47 дестинации беа оценети во секоја категорија, а потоа споредени едни со други. По анализата на сите овие податоци, Лисабон се појави како најсреќниот град за посета. Според BookRetreats, тој „се издвојува по неколку фактори“, а храната е особено привлечна.
На второ место е Хелсинки, кој е особено силен во категоријата „поврзаност со природата“. Орландо се најде на третото место.Атина (Грција) и Единбург (Шкотска) исто така се најдоа меѓу првите пет. Можете да ја погледнете целосната листа на BookRetreat на нивната веб-страница.
foto Wikipedia/Deensel
Можеби ќе ве интересира
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“




