Добивај вести на Viber
Тутунските компании бараат признавање на трошоците за оштетени акцизни маркички за тутун во висина од 0,5% од вредноста на маркичката. Велат дека често акцизните маркички се оштетени заради човечки фактор или програми со машините за лепење, а според актуелниот закон товарот за ова паѓа на тутунската индустрија, објави
Плусинфо.
Според тутунските компании штетата настаната на овој начин не е мала, а никако не може да биде сведена на нула. Пред четири месеци се укина одредбата од Законот за акциза со која се признаваше 1 отсто од акцизната вредност на име растур поради оштетување на маркичките.
„Тутунските компании предлагаат решавање на проблемот во рамки на европските норми и стандарди кои признаваат штета која изнесува од 0,5 до 1,5 отсто од акцизната вредност на контролните маркички. Пресметките на компаниите се дека со 0,5 отсто од акцизната вредност ќе се покријат штетите кои настануваат во процесот на производството и очекуваат во преговорите со Министерството за финансии и Царинската управа да биде прифатен нивниот предлог“, вели Васко Ристовски, од Стопанската комора.
Владата засега е подготвена да прифати обесштетување за оштетените маркички во висина од 0,2-0,3% од вредноста. Тутунската индустрија е подготвена да прифати и мешовит модел, според кој во услови кога ќе има поголема штета да се формира комисија која ќе ја процени и ќе одобри исплата на отштета.
Проценките на тутунските компании се дека годинава реколтата на тутун ќе биде за 17% пониска од лани, како резултат и на помалиот број договори за откуп што се потпишани, но и на намалената побарувачка за ориентален тутун на светско ниво, по препораките на Светската здравствена организација.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: