Кој град во земјава ја има најмодерната депонија за комунален отпад
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2018 08:52
Пред една недела во близина на гевгелиското село Ново Конско беше пуштена во употреба новата најмодерна депонија за комунален отпад во Македонија што се простира на површина од 20.000 метри квадратни и има капацитет од 50 тони отпад дневно, пренесе МИА.
Депонијата, чија вредност изнесува околу еден милион евра, грант од владата на Јапонија преку програмата за развој на УНДП, ќе биде од времен карактер за период од пет години по што ќе стане дел од регионалниот систем за справување со комуналниот отпад во југоисточниот плански регион.
Општина Гевгелија, според градоначалникот Сашо Поцков, од модерната депонија ќе има огромен бенефит со двојно значење затоа што ќе се овозможи дислоцирање на дивата депонија кај Сува река која е оценета како втора најризична депонија во Македонија, сместена во близина на Пречистителната станица и создавање на најсовремени услови за дистрибуција и складирање на комуналниот отпад во Гевгелија, со што општината ги обезбедува потребните предуслови за остварување на одржливиот економски и еколошки развој.
Инженерот по животна средина,Марјан Михајлов,вели дека ова е првата депонија во Македонија што исполнува услови за санитарна депонија според постоечкото национално законодавство.
-Времената комунална депонија кај Ново Конско ќе обезбеди финално отстранување односно површинско депонирање на неопасен комунален отпад на место што е претходно подготвено.Самото депонирање подразбира одложување на отпадот на водонепропустна подлога со која е покриена депонијата,таканаречена вештачка мембрана.Сето тоа ќе се прави на контролиран начин со дневно компактирање и поставување покривка од земја со цел да се спречи разнесување и запалување на отпадот.Депонирањето ќе се врши во хидроизолирани услови со поставување глина и синтетички непропустливи материјали и во депонијата нема да се одложуваат опасни материјали,како на пример медицински отпад и друго,рече Михајлов.
Со почетокот на работата активностите на депонирање и самата локација ќе бидат предмет на редовно следење и контрола од персоналот, надлежната општинска инспекција и државниот инспекторат за животна средина.
Почетокот на работата на најмодерната депонија за комунален отпад кај Гевгелија е поврзан со добивање дозвола за депонирање и Б интегрирана еколошка дозвола кои се очекува многу брзо да се добијат како и со асфалтирање на пристапниот пат до депонијата што е обврска на општина Гевгелија, која според градоначалникот Поцков, ќе чини дополнителни 12 милиони денари.
Извор: МИАМожеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




