05 Декември, 2025
0.0308

Кој и зошто дозволил увоз на токсични краставици на домашниот пазар?

Објавено во: Агробизнис 12 Април, 2016 13:00

Добивај вести на Viber

Опозициската СДСМ и дополнителен заменик -министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, во оставка Љупчо Николовски денеска обелоденија нов скандал поврзан со безбедноста на храната од увоз.

После направени анализи резултатите покажале дека во земјава се увезувале токсични краставички со пестициди над дозволеното ниво.

„Минатата недела, на барање на потрошувачите и домашните раноградинари до Државната фитосанитарна лабораторија доставивме примерок од увозни краставици произведени од областа Лушна - Албанија, купени на Кванташки пазар, за да се испита присуство на пестициди.

Резултатите ги добивме, а тие се загрижувачки и алармантни.

Испитувањето  и  анализите  добиени  од  страна  на  ДФЛ  покажаа  дека  увезената  краставица  од  Албанија  содржи двојно повеќе пестициди отколку што е законски дозволено, односно концентрација на активна супстанца  Metalaxyl која е отровна“, образложи Николовски приложувајќи документи.Nikolovski

Податоците за увозникот, извозникот и други релевантни податоци ке бидат службено доставени до надлежните институции за понатамошно процесуирање согласно Законските одредби кои произлегуваат од Законите со кој се третира безбедноста на луѓето и здравјето од контаминација со храна.

Од партијата на Заев прашаа зошто затаила контролата при увоз и кој дозволил овие отровни краставици да завршат да домашниот пазар?

Дали сите фирми увозници се контролираат подеднакво и како потрошувачите да имаат доверба во институциите кои ги плаќаат?

Се очекува реакција од надлежните по ова прашање.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?