Кој извади најмногу пари од дивиденда?
Објавено во: Економија 06 Јули, 2018 08:34
Тројца грчки акционери земаа дивиденда во вкупен износ од 42,7 милиони евра, а тие се банкарската групација НБГ најголемиот акционер во „Стопанска банка Скопје“, цеметарската корпорација „Титан“ која до псоедува скопски УСЈЕ и прилепскиот мермерен комбинат „Стоун воркс Холдинг Кооператив“ сопственикот на прилепскиот Мермерен комбинат
И годинава најдобитни акционери од странските сопственици на македонски фирми се јужните соседи. Две грчки и една словенечка компанија и оваа година земаа најголеми дивиденди од нивните аквизиции во земјава.
Станува збор за сопствениците на една од двете најголеми банки „Стопанска банка Скопје“ и за единствената македонска цементарница „Усје“ и за словенечкиот акционер во НЛБ Банка Скопје. Во големата четворка е и македонската експозитура „Каменимост комуникации“ преку која најголемиот европски оператор „Дојче Телеком“ го контролира најголемиот македонски телекомуникациски оператор „Македонски телеком“.
Сите горенаведени компании се традционално компании кои делат стабилни и солидни или високи износи на дивиденди за нивните акции.
Најдобитен странски акционер во македонска компанија е грчката НБГ банка која е мнозински акционер во „Стопанска банка Скопје“. Оваа голема грчка банка минатиот месец на своето конто инкасира 28,075 милиони евра дивиденда од „Стопанска банка Скопје“. Најголемиот акционер во „Телеком“ – компанијата „Каменимост комуникации“ за ланската добивка на Македонски Телеком инкасираше дивиденда од 13 милиони евра. Кај нашата Влада односно на сметката на буџетот завршија 8,8 милиони евра.
„УСЈЕ“ на својот најголем акционер грчкиот производител на цемент „Титан“ му исплати 11,9 милиони евра дивиденда за ланското успешно работење.
Во големата четворка е и големата македонска деловна банка „НЛБ Банка Скопје“. Таа компанија на својот најголем акционер словенечката државна банка „НЛБ“ и додели дивиденда од 6,73 милиони евра.
На петото место на листата на најдобитни компании е и прилепскиот Мермерен комбинат кој на својот најголем акционер „Стоун воркс Холдинг Кооператив“ му додели дивиденда од 2,76 милиони евра.
Шести добитен акционер е „Виена иншуренс груп“ аквизитер на „Македонија осигурување“ кој издвои 680.000 евра во дивиденда од својата добивка во 2017 година. На седмата позиција е „Охридска банка“ која е дел од групацијата на „Сосиете женерал“ и која носи дивиденда од 383.500 евра за минатата година.
Р. Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември





